Денес роденден слави нашиот фудбалер Даниел Георгиевски

Даниел Георгиевски е роден на 17 февруари 1988 година во Блектаун – Австралија. Тој е професионален фудбалер кој игра како бек за австралискиот Интер Лајонс. Даниел игра за репрезентацијата на Македонија.

Даниел е амбасадор на добротворната организација „Boots for Balkans“, која е група која собира нови и користени копачки и ги донира онаму каде е потребно, во различни области низ Балканот.


Младинската кариера Георгиевски ја помина во австралиските Маркони Сталионс и хрватскиот Динамо Загреб. Својата професионална кариера ја започнал со Меѓимурје во Хрватска, а подоцна продолжил да игра во Шибеник. На 27 јуни 2012 година, беше официјално објавено дека Георгиевски склучил договор со Стеауа Букурешти од романската прва Лига.

На 11 септември 2014 година, Георгиевски му се приклучил на фудбалскиот клуб Мелбурн Виктори од А-лигата со едногодишен договор, и го добил дресот со број 15. На 30 март 2017 година, беше објавено дека Георгиевски ќе го напушти Мелбурн Виктори на крајот на сезоната 2016–2017 со преселба во Њукасл. Тој беше награден со медалот Џо Марстон како играч на натпреварот во големото финале на А-лигата во 2017 година, и покрај тоа што Мелбурн го загуби натпреварот од Сиднеј ФК по изведувањето на пенали. Георгиевски стана составен дел од тимот на Њукасл Џетс.


Во мај 2019 година, беше објавено дека Георгиевски го напуштил Њукасл Џетс и се приклучил на Вестерн Сиднеј Вондерерс. Во април 2021 година, Георгиевски си замина од Вестерн Сиднеј Вондерерс откако одигра само 3 натпревари. Истиот ден, тој се приклучил на Мелбурн Сити како замена за повреда за Натаниел Аткинсон до крајот на сезоната 2020-21. На 9 јуни беше објавено дека неговиот договор завршил и тој го напуштил клубот.

Георгиевски го имаше своето деби за Македонија на 2 септември 2011 година за време на квалификациите за УЕФА Евро 2012 против Русија. За македонската репрезентација има забележано 22 настапи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …