Денес роденден слави нашата актерка Драгана Костадиновска

Драгана Костадиновска е родена на 10 декември 1983 година во Скопје. Таа е македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Кирил Ристоски и Зоја Бузалковска во 2006 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 2008 година.


Покрај исполнувањето на театарски и филмски улоги, Костадиновска учествувала на театарските фестивали „Град театар“ во Будва (2005), „МЕСС“ во Сараево (2006), „БИТЕФ“ во Белград (2006), „Пост Југославија“ во Рим (2006) и Меѓународниот театарски фестивал „Богота“ во Богота (2010); а учествувала и во образовни работилници, како на пример „Сараево талент кампус“ на Сараевскиот филмски фестивал (2009), Меѓународната летна театарска школа на Сојузот на театарските работници од Русија во Москва (2009) и „Берлин талент кампус“ на Берлинскиот филмски фестивал (2010). Добитник е на награда за најдобра глумица за 2013 година на „Златна Бубамара“ на популарноста.

Среќен роденден Драгана ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Доделени БАФТА наградите: Најдобар филм е „Conclave“, најдобар режисер Брејди Корбет

Церемонијата на доделувањето на филмските награди БАФТА за 2025 година се одржа синоќа во Royal …