Денес роденден слави актерот Дамјан Цветановски


Дамјан Цветановски е роден на 31 мај 1994 година во Скопје. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски актер.

Дипломирал на Академијата на уметностите во Нови Сад во класата на професорот Никита Миливојевиќ, во 2016 година. Вработен е во Драмски театар – Скопје. Покрај неговиот театар тој има настапувано во Македонски народен театар во Скопје, и во други театри.


Театрографија: Хад (Жени од подземјето, 2016), Раскажувач (Приказни на заборавените предци, 2016), Басанио (Венецијанскиот трговец, 2017), Дон Жуан (Дон Жуан, 2017), Вито Бабаито (Папагалот Историко, 2017), Јоханес (Баал, 2017), Константин Гаврилович Трепљов (Галеб, 2018), Бељаев/Матвеј (Месец дена на село, 2018), Таткото (Човек перница, 2019), Сем (Несоодветно за на работа, 2019), Лекидам (Пантаглез, 2019).

Филмографија:


2006 Тајната книга ТВ-филм
2010 Вистинската приказна за Хансел и Гретел ТВ-филм
2012 Статус ТВ-филм
2017 Инсајдер ТВ-серија
2017-2020 5+ фамилија ТВ-серија
2018 Преспав ТВ-серија
2022 Тајниот изум ТВ-филм
2023 Денот на жената ТВ-филм
2023 Бистра вода ТВ-серија

Добитник на наградата за најдобра машка улога за ликот Кристофер во претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (2023).


Среќен роденден Дамјан, ти посакува редакцијата на Екран.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Долг список на гости – Папата Лав ги собрал филмските работници во Ватикан

Папата Лав се сретнал со холивудските актери и филмски работници во Ватикан оваа сабота за …