Александар Шехтански е роден во Скопје на 23 мај 1948 година. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Високата музичка школа (Факултетот за драмски уметности) во Скопје, на отсекот за актерска игра, во 1978 година. Станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1978 година, и работи сè до неговото пензионирање во 2013 година. Покрај неговиот матичен театар МНТ, Драмски театар – Скопје и театар “Скрб и утеха” тој соработувал и со други театарски куќи во Македонија.
Шехтански има остварено бројни филмски улоги:
1977 Пресуда ТВ-филм
1979 Глава ТВ-филм
1980 Време, води ТВ-филм
1980 Учителот ТВ-филм
1980 Оловна бригада ТВ-филм
1981 Црвениот коњ ТВ-филм Човек во кафаната
1981 Булки крај шините ТВ-серија
1981 Милион маченици ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Едно лето ТВ-серија
1984 Другарувања ТВ-серија
1985 Јазол ТВ-филм
1986-1988 Македонски народни приказни ТВ-серија
1986 Среќна Нова ’49 ТВ-филм
1987 Македонски балади ТВ-серија
1987 За трошка среќа ТВ-филм
1987 Чорбаџи Теодос ТВ-филм
1987 Пикасо ТВ-филм
1989-1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1989-1992 Тврдокорни ТВ-серија
1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија
1991 Тетовирање ТВ-филм
1992 Последната Македонска елегија ТВ-серија
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм
1994-1995 Бумбари ТВ-серија
1994-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1996 Убиство или самоубиство ТВ-филм
1998 На Балканот не се пие чај ТВ-филм
1999 Во светот на бајките ТВ-серија
2000 Глас ТВ-филм
2000 Погрешно време ТВ-серија
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2000-2003 Македонски народни приказни ТВ-серија
2001 Агенција осамени срца ТВ-серија
2001 Во светот на бајките ТВ-серија
2002 Наше маало ТВ-серија
2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-серија
2006 Мост ТВ-филм
2007 Досие-К ТВ-филм
2007-2010 Народни Приказни ТВ-серија
2008 Куќен совет ТВ-серија
2011 Турни ме да Кинисам ТВ-серија
2013 Старо купувам ТВ-филм
2012-2014 Тврдокорни ТВ-серија
2012-2016 Македонски народни приказни ТВ-серија
2014 До балчак ТВ-филм
2016 Преспав ТВ-серија
2017 Среќа во вреќа ТВ-серија
2020 Еко Скоп ТВ-филм
2022 Ручек ТВ-филм
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија
2023-2024 Македонски народни приказни ТВ-серија
Награди и признанија;
- Награда за најдобра машка споредна улога за претставата “Среќна нова ’49” во режија на Слободан Унковски на фестивалот “Војдан Чернодрински” Прилеп (1985)
- Награда за артист на годината, спорет анкетата на “Екран” (1996)
- Награда “Ристо Шишков” (2003)
- Награда за животно дело на „Петре Прличко“ (2021)
Среќен роденден Александар ти посакува редкцијата на Екран.