Денес роденден слави актерката Билјана Јовановска

Билјана Јовановска е родена на 15 април 1986 година во Скопје. Дипломира на Европски Универзитет, Економски факултет, Скопје, во 2008 година, а потоа и во 2011 година, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факулетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот актерска игра, во класата на проф. м-р Елјеса Касо. Од 2014 година работи во Македонски народен театар – Скопје.

Театрографија:


  • Ели (МАММА МИА!, 2017), музика и текст: Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, текст: Кетрин Џонсон, по приказната на: Џуди Крејмер, режисер: Наташа Поплавска, копродукција: Македонски народен театар и Проспот – Словенија;
  • Актерка (Говорна мана, 2017), автор: Горан Марковиќ, режисер: Драгана Милошевска-Попова, продукција: Македонски народен театар;
  • Цвета (Прекината Одисеја, 2016), автор: Роберт Урбањски, режисер: Јацек Гломб, копродукција: Македонски народен театар и Театар „Хелена Моджејевска“, Полска;
  • Загирова, девојка од публика, гостинка на балот (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Катлин Ханијак (Чикаго, 2015), автори: Фред Еб и Боб Фос, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • Флорина (Кој пукаше на 21-ви?, 2014), автор: Керил Черчил, режисер: Нина Николиќ, продукција: Младински културен центар;
  • Брзозборлеста жена, пештера, чудовиште (Капетанот Џон Пиплфокс, 2014), автор: Душан Радовиќ, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • Филокомазиум (Војникот фалбаџија, 2014), автор: Плаут, режисер: Лука Кортина, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
  • Штефани (Камен, 2013), автор: Мариус вон Мајенберг, режисер: Билге Емин, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
  • Елијанта (Мизантроп, 2013), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Драгана Милошевска-Попова, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
  • Дездемона (Шекспир во приказни, 2013), автор: Викторија Рангелова, режисер и кореограф: Кренаре Невзати, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
  • Мери Тајрон (Долго патување во ноќта, дипломска претстава, 2011), автор: Јуџин О’Нил, режисер: Елјеса Каcо, НУ Турски Театар и Факултет за драмски уметности – Скопје;
  • Франциска Дехке (Арапска ноќ, 2010), автор: Роланд Шимелфенинг, режисер: Слободан Унковски, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
  • Руја (И јас сум Орхан Памук, 2010), режисер: Владо Цветановски, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
  • (No norms no rules, 2010), режисер: Нина Николиќ, кореографи: Билјана Јовановска, Симона Спировска, Нина Деан и Александра Кочовска, продукција: T-house, алтернативен театар;
  • Јаврија (Жени на власт, 2009), автор: Аристофан, режисер: Јуџел Ертен, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
  • Неима, Ева (Црн Молив, 2009), автори: Јордан Плевнеш и Илхами Емин, режисер: Владо Цветановски, продукција: НУ Турски театар-Скопје.

Јовановска ги остварила филмските улоги:

2009 Збогум Румелија ТВ-серија Марика
2012 Минатото лето на Балканот ТВ-серија Фиданка
2013 Балканот не е мртов ТВ-филм Жена од харемот 3
2014 До балчак ТВ-филм Јана
2014-2015 Македонски народни приказни ТВ-серија Самовилата
2016 Потрага по загубеното богатство ТВ-филм Ружа
2017 Вистински приказни ТВ-серија Ружа
2020 Потрага по загубеното богатство 2 ТВ-филм Ружа
2022-2023 Тие се послушни ТВ-серија Софија
2022-2023 Балканска приспивна песна ТВ-серија
2023 Кома ТВ-филм


Среќен роденден Билјана и посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кинотека во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“ ќе го реставира филмот „МИС СТОН“

Кинотека ова година ќе го реставира филмот МИС СТОН на Жика Митровиќ, во рамки на …