Денес роденден прославува познатиот македонски фотограф Зденко Петровски

Зденко Петровски е роден на 16 јуни 1959 година во Скопје. Средно училиште завршил во „Никола Карев“. Тој е фотограф, насочен кон македонската културна музичка сцена, фотографирајќи културни настани кои се случуваат во Скопје и МКЦ.

Зденко Петровски е автор на „Момент документ“ – книга со фотографии која ги документира музичките настани одржани во Скопје изминатите 15-тина години (од објавување на книгата). Промоцијата на книгата „Момент документ“ на фотографии од Зденко Петровски во издание на МКЦ била на 1 октомври 2021 година во МКЦ.


Улога во изданија – фотографии на аудио записи:

-E’n, 2, tri… 103! Џем сесија / повеќе артисти 2011 Фотографија
-Вечер | Ти си наш Цвеќето на чичко Волф февруари 2014 Дизајн на омот
-Здраво млади Bernays Propaganda мај 2015 Фотографија
-Е​д​н​а​ш с​в​е​т и​з​г​р​а​д​и​в​.​.​. Culture Development ноември 2015 Фотографија
-Stotrojka Session Sublinear декември 2015 Дизајн на омот
-Проба Васко Атанасоски февруари 2017 Фотографија
-Кога те нема Васко Атанасоски јули 2017 Фотографија
-Уличарски гримоари Voltaire Mani Al Hakim март 2018 Инженер за звук, Фотографија
-Deva Пиколомини јули 2018 Фотографија
-My tear My tear март 2019 Фотографија
-Втора младост, трета светска војна Bernays Propaganda септември 2019 Фотографија
-Апокалипса сега Љупа Ангелов јуни 2020 Дизајн на омот, Фотографија
-Time. Life. Freedom Fin Project јануари 2021 Дизајн на омот, Фотографија
-Починка Банкрот Блуз Бенд март 2022 Фотографија


Среќен роденден Зденко, ти посакува редакцијата на Екран.

 


 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …