Зоран Стратев e роден на 16 јули 1960 година во Скопје. Тој е македонски фудбалски тренер и поранешен играч. Стратев беше и поранешен привремен селектор на македонската фудбалска репрезентација.
Како фудбалер настапувал за различни македонски екипи во првенството на поранешна Југославија. Откако стана тренер, Стратев долго време ја водеше екипата на Македонија Ѓорче Петров. Во 2003 година ја предводеше Цементарница до победа во Купот на Македонија. Во сезоната 2003/2004 Стратев беше тренер на еден од најпознатите и најтрофејни клубови во земјава, Вардар. Токму под водство на Стратев, Вардар одигра одлично во квалификациската рунда од Лигата на шампионите. Во второто коло Вардар сензационално ја совлада ЦСКА Москва на вкупен резултат (2:1 на гости, 1:1 дома).
Старатев во следните години се врати повоторно во Македонија ЃП, Цементарница и Вардар, но новите обиди беа помалку успешни. Во 2013 година Зоран Стратев ја извршуваше функцијата селектор на репрезентацијата на Република Македонија. Вкупно издржа две недели на кормилото на националниот тим. Во моментов Стратев работи во Фудбалската федерација на Македонија.
Среќен роденден Зоран ти посакува редакцијата на Екран.