Денес роденден прославува нашиот режисер Јани Бојаџи


Јани Бојаџи е роден на 18 јули 1970 година во Струмица. Тој е истакнат македонски режисер, продуцент и сценарист.

Бојаџи потекнува од семејство на бегалци од граѓанската војна во Грција. Завршил средно училиште во Македонија и Академија за театарска и филмска уметност во Софија, Бугарија. Своето прво филмско искуство го имал како дете со супер 8 камерата на татко му Андони. Во средно училиште го открил театарот и можноста да прави уметност. Плашејќи се дека нема да го положи приемниот испит за театарска режија, се пријавил на отсекот за режија за филм и телевизија. Студирал во класата на професорот Георги Дулгеров.


Освен како филмски продуцент, Јани Бојаџи работи и во театар како драматург и режисер, во телевизија како сценарист, монтажер и режисер. Беше извршен продуцент на Канал 5 телевизија, а сега е извршен директор на телевизија Алфа.

Бојаџи ги режирал следните филмови:


2010 Крајот на светот ТВ-филм
2010 Пилот ТВ-филм
2013-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија
2014 Последниот македонски пророк Документарен филм
2014 Среќна Нова 1903 ТВ-филм
2015 Бела ноќ ТВ-филм
2016 Вистинска љубов ТВ-филм
2016 Болка на душата ТВ-серија
2018 Ругање со Христос ТВ-филм
2022 Кино „Љубов“ ТВ-филм
2023 Бистра вода ТВ-серија

Среќен роденден Јани ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

“ЛЕНА И ВЛАДИМИР” ОСВОИ ДВЕ ПРЕСТИЖНИ НАГРАДИ НА 58-ОТ МЕЃУНАРОДЕН ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ WORLDFEST-HOUSTON

Македонскиот филм “Лена и Владимир” освои две Златни Реми награди на 58-от Меѓународен филмски фестивал …