Денес роденден прославува нашиот познат хармоникаш и композитор Горан Алачки

Горан Алачки е роден на 31 јануари 1965 година во Пожаревац, Србија, во македонско семејство. Тој е познат македонски хармоникаш и композитор на фолк-музика.

Почнал да свири хармоника од својата 7. година. Тој има многу компонирани авторски песни и хитови („Дојди ми Лено на перниче бело“, Драган Мијалковски — Валандово фолк-фест 1989), „Што за светот што за децата“, „Меланхолија“, „Парче од Европа“ (Тоше Проески — Национален евросонг 2004), и многу ора и други композиции.


Горан Алачки бил член и на групата на познатиот кларинетист Драги Митев, а има свирено со многу познати естрадни уметници како што се Влатко Стефановски, Стинг, Елтон Џон, Оливер Драгојевиќ, Џибони, Луис, Адријана и Ирена, и многу други.

Тој е организатор на фестивалот “Фолк Фест Владимирово” кој за прв пат ќе се одржа на крајот од мај оваа година. На фестивалот се најавени да настапат доајените на македонската песна: Драган Мијалковски, Круме Спасовски, Ванчо Тарабунов, Наум Петрески, Перо Христов, Виданка Ѓорѓиевска, Нино Величковски и други.


Среќен роденден Горан ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Три преводи на македонски јазик меѓу најдобрите преводи на драмски дела на европско ниво за 2025 година

Европската мрежа за драма и превод „Еуродрам“ го соопшти изборот на најдобри преводи на драмски …