Денес роденден прославува нашиот познат фолк пејач Петар Нечовски

Петар Нечовски е роден во Ресен на 10 јули 1957 година. Тој е познат изведувач на македонски изворни и новосоздадени песни.

Основно и средно образование и музичко училиште завршил во Охрид, прв степен на Правниот факултет во Скопје и Угостителско-туристички факултет (Група гастрономија) во Охрид. Десетина години работел како организатор во угостителскотуристичките организации во Охрид, а потоа е професионален естраден уметник.


Реализирал дваесетина турнеи во Австралија, САД и Канада. Настапувал на многу фестивали во Македонија, каде ја понел главната награда[1] како и на повеќе меѓународни фестивали во Камбера, Торонто, Амстердам и др. Поголем број аудиопроекти (магнетофонски ленти и ЦД) реализирал за Музичката продукција на МРТ, „Југодиск“ од Белград, за „Сенатор-рекорд“, „Везилка“, „Мистер компани“ и др.

Среќен роденден Петар ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ДОДЕКА ВОДЕЛА ДНЕВНИК – Водителка на ХРТ паднала и се пошегувала на своја сметка: „Се надеваме дека нашите спортисти се поспретни од мене!“

Водителката на ХРТ, Зринка Гранчариќ паднала додека водела Дневник, а видеото набрзо почна да се …