Денес роденден прославува нашиот познат фолк пејач Перо Христов

Перо Христов е роден на 17 јуни 1951 година во Струмица. Тој е популарен македонски пејач на фолклорна музика од 1970 година до денес.

Учесник е на многубројни музички фестивали на македонска забавна и народна музика. Добитник е на наградата Златен глас на Македонија во 1970 година за младинци пејачи, второпласиран на младинскиот музички фестивал на СФРЈ во Врање 1971 година.


Учествувал на десетина забавно музички фестивали во Македонија , познати под името Скопје од 1972 – 1979 година.

Познати композиции од македонската забавна музика : Капка среќа (1972) Ивона (комп. Григор Копров … 1973 ) Твојот насмев (комп. Перо Христов … 1974 ) Евридика (комп. Славе Димитров …. 1975 ) Не плачи мајко (комп. Григор Копров … 1976 ) Засвири нешто од Битлси (Интерфест Битола , комп. Петар Калица … 1992 ) Ти си мојот свет (Интерфест Битола , комп. Киро Милев … 1993).


Период на новосоздадена македонска народна музика:

Учествувал на повеќе од 50 фестивали на новосоздадена македонска песна меѓу кои: Цветници, Валандово Фолк Фест, Тетовски филиграни , Охридски трубадури, Песна на летото, Тримери фест и други.Снимил над 150 композиции на 8 носачи на звук (плочи, касети, цд и двд). Освоил над 30 награди почнувајќи од публиката, жирито, интерпретација, текст, аранжман, сценски настап и други. Одржал 2 солистички концерти во Универзална Сала во Скопје, како и повеќе солистички концерти на ниво на Македонија, а остварил и многубројни турнеи по дијаспората почнувајќи од Австралија, Америка , Канада и Европа.


Награди:

1 место(публика) Цветници 1995, 1 место (жири) Охридски трубадури 1996, 1 место (публика) Валандово 1996, 1 место (публика) Валандово 1999 , 1 место (жири) Валандово 2000 и многу други втори и трети места, 3 награди за животно дело: Општина Струмица 2019, Роса Фест 2014 и Охридски Трубадури 2010.

Во 2019 година, го прославил големиот јубилеј, Перо Христов 50 години естрадна дејност со два солистички концерти во Скопје и Струмица.

Познати хитови од македонската новосоздадена народна музика:

*Во црно вино утеха нема (Г.Копров)
*Плачи срце исплачи се (Б.Георгиевски)
*Како да те преболам (Г.Копров)
*Ај заиграј со мене Марија (Д.Масевски)
*Нема живот Ангелино (Т.Новачевски)
*Свадбарска (М.Барбаровски)
*Заборави ме (Г.Копров)
*Судбина било (Г.Копров)
*Песни пеам да не заплачам (Л.Манчев)
*Една звезда една солза (Г.Копров)
*Неможам љубов да кријам (Т.Новачевски) и други.

Среќен роденден Перо, ти посакува редакцијата на Екран.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …