Душко Георгиевски е роден на 16 мај 1972 година во Свети Николе. Тој е познат македонски фолк пејач и адвокат.
Душко студира на правниот факултет во Скопје. Од 1994 година почнува активно да се занимава со музика, како фолк пејач. Тој често настапува на фестивалите: Фолк Фест Валандово, Роса, Цветници, Тумба Фест и други. Негова најпозната песна е Свири ми виолино покрај неа ги има испеано и хитовските Со синџири да ме врзат, Маре мори Маре, Ракија, Жими овој крст…
Во 2015 година настапува на Фолк Фест Валандово со песната “Свири ми виолина” каде победува на фестивалот со прва награда од публиката. Во 2023 на Охрид Фест” освојува прва награда од жири со песната “Златна риба Струшка”.
Среќен роденден Душко ти посакува редакцијата на Екран.