Денес роденден прославува нашиот познат актер Владимир Јачев

Владимир Јачев е роден на 24 јануари 1971 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владимир Милчин, а во 2010 година магистрирал на истиот факултет во областа на театрологијата. Вработен е во Македонскиот народен театар од 1994 година.

Театрографија:


  • Александар Македонски — „Крик“ од Блаже Минески, р. Владимир Милчин, МНТ, 1992.
  • Либен — „Жорж Данден“ од Жан Батист Молиер, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1992;
  • Корифеј, Мајстор за оружје — „Мир“ од Жан Батист Молиер, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 1993;
  • Топук — „Буре Барут“ од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1994;
  • Павел Иванович Чичиков — „Мртви души“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 1994;
  • Жолта Евреина — „Лепа Ангелина“ од Благоја Ристевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1995;
  • Стенли Вебер — „Роденден“ од Харолд Пинтер, р. Васил Христов, МНТ, 1995;
  • Роби — „Шопинг енд факинг“ од Марк Рејвенхил, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 1998;
  • Виктор Дебисон — „Мисија“ од Хајнер Милер, р. Кристијан Ристевски, МНТ, 1998;
  • Тиресеј — „Антигона во техноленд“ од Софокле, р. Галин Стоев, МНТ, 1999;
  • Столе — „Гроф Миливој“ од Ристо Крле, р. Димитрие Османли, МНТ, 2001;
  • Расим — „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, р. Александар Поповски, МНТ, 2001;
  • Витез Дансен — „Опасни врски“ од Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, р. Љупчо Ѓорѓиевски, МНТ, 2002;
  • Владиката Григориј, Поручник Симоновиќ — „Белите коњи“ од Петре Бакевски, р. Виолета Џолева, МНТ, 2003;
  • Хамлет — „Хамлет во транзиција“ од Светислав Басара, р. Сашо Миленковски, МНТ, 2004;
  • Џој Хајнс — „Сцени од животот“ од Овен мек Каферти, р. Филип ле Моан, МНТ, 2004;
  • Шестиот — „Слепци“ од Морис Метерлинк, р. Томи Јенежич, МНТ, 2005;
  • Рагби — „Болва в уво“ од Жорж Фејдо, р. Бранко Ставрев, МНТ, 2007;
  • Ричард — „Среќните денови на љубовникот“ од Семјуел Бекет и Харолд Пинтер, р. Нелко Нелковски, МНТ, 2007;
  • Лазар — „Свето срце“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2009;
  • Мажот — „Лет во три глави“ од Загорка Поп-Антоска Андоновска, р. Никола Ристов, МНТ, 2009;
  • Патрокло (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • „Декамерон“ од Џовани Бокачо, р. Боњо Лунгов, МНТ, 2012;
  • Новеченто — „Приказна за пијанистот на океанот – Новеченто“, МНТ, монодрама, 2013;
  • Варда Склир — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
  • Клеант — „Тартиф“ од Жан Батист Молиер, р. Галин Стоев, МНТ, 2016;
  • Трпе — „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016;
  • Хари Брајт — „МАММА МИА!“ од Кетрин Џонсон по приказната на Џуди Крејмер, р. Наташа Поплавска, МНТ и Проспот (Словенија), 2017.

Филмографија:

  • Полицаецот — „Тетовирање“, р. Столе Попов, Мирко продукција, Вардар филм – Скопје, 1991;
  • „Крикот на немиот индијанец“, р. Томислав Алексов, 1993;
  • Алија — „Пред дождот“, р. Милчо Манчевски, Полиграм, Аим Продакшн, Ное Продакшн и Вардар филм-Скопје, 1994;
  • Ангеле — „Ангели на отпад“ , р. Димитрие Османли, ТФРЗ Пегаз – Скопје и Чаплајн филм – Софија, 1995;
  • Полицаецот Перо — „Џипси меџик“, р. Столе Попов, Вардар филм-Скопје, 1997;
  • Миле – “Народен пратеник”, р. Димитрие Османли, Вардар филм-Скопје, 2001;
  • Спасе — „Прашина“, р. Милчо Манчевски, 2001;
  • Таткото — „Бубачки“, р. Игор Иванов – Изи, Сектор филм – Скопје, 2003;
  • Инспектор — „Големата вода“, р. Иво Трајков, 2004;
  • Игнатие — „Стрмоглави“, р. Маја Младеновска, ТВ-филм, 2006;
  • Шишкин — „Сенки“, р. Милчо Манчевски, 2007;
  • „Сам и заедно“, р. Арон и Дерек Џонс, 2008;
  • Коле — „Мајки“, р. Милчо Манчевски, 2010;
  • Селанец – До балчак, р. Столе Попов, 2014.
  • Јаков Росман — „Ослободување на Скопје“, р. Данило и Раде Шербеџија, 2016.

Тв серии:


  • Арамијата – Во светот на бајките, МТВ1, 1999.
  • “Седум приказни, за љубовта и свршувањето”, 2003.
  • Царот – Македонски народни приказни, ТВ Морис, 2006.
  • Царот – Македонски народни приказни, МТВ, 2014.
  • Тадеј — „Преспав“, ОХО, 2016.

Среќен роденден Владимир ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …