Сашко Коцев е роден на 28 ноември 1981 година во Куманово. Тој е еден од најпознатите македонски театарски, филмски и телевизиски глумци, стендап комичар и водител.
Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 година. Од 2006 година работи во Македонскиот народен театар во Скопје.
Во август 2014 година, Сашко Коцев настапил на „Панч фестивал“ во Љубљана. Претходно, во 2013 година победил на фестивалот на стендап комедии „Лент“, одржан во Марибор.
Коцев е еден од најдинамичните и најпопуларните стендап комичари, пионер на овој сценски жанр во Македонија; водител на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.
Добитник е на голем број на награди и признанија, меѓу кои ги издвојуваме:
-Награда за најдобар актер во краткометражниот филм “Налепница” на AVANCA FF – Португалија, 2021;
-Награда за најдобар актер во краткометражниот филм “Налепница” на Галичник Филм Фестивал 2021;
-Награда за најдобар актер во краткометражниот филм “Налепница” на Beirut Shorts International Film Festival 2021;
-Награда за најдобар актер во краткометражниот филм “Налепница” на меѓународниот филмски фестивал Visioni Corte International Short Film Festival 2020;
-Награда за најдобар актер во краткомеражниот филм “Налепница” на меѓународниот филмски фестивал Social World Film Festival, 2020;
-Награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2018 г. за улогата на Чики во претставата „Ничија земја“;
-Награда „Стенд-ап суперстар во Македонија“ на Стенд-ап Адриа, 2014 г.;
-Награда за најдобар актер за 2013 г. од емисијата „Бекстејџ“;
-Награда за најдобар стенд-ап комичар за 2013 г., на „ЛЕНТ“ фестивал во Марибор.
Среќен роденден Сашко, ти посакува редакцијата на Екран.