Игор Ангелов е роден на 1 октомври 1977 година во Скопје. Тој е познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности (2001). По дипломирањето работел во Прилепскиот народен театар, а од 2010 година работи во Драмскиот театар во Скопје. Во својата кариера учествувал во бројни театарски, филмски и телевизиски проекти. Остварил учество и на повеќе фестивали, меѓу кои „Млад отворен театар“, „Војдан Чернодрински“, „Денови на комедија“, „Ристо Шишков“ и „Охридско лето“ во Македонија, „Cividale del Friulli“ во Италија, „Grlimo se morem“ во Хрватска, „ТЕСТ“ во Босна и Херцеговина, „САПАС“ во Бугарија, како и на Деновите на македонската култура во САД и Австралија. Препознатлив кај најмладата публика по улогата на Детективот Цветко во телевизиската сeрија Петко.
Театрографија: Луис (Ангели во Америка, 2009); Розенкранц (Хамлет, 2010); Темјан (Генетика на кучињата, 2012); Актер (Последните македонци, 2012); Поетот (Вртелешка, 202); Стојко (Огнени јазици, 2013); Осман Бег (Македонска крвава свадба, 2013); Капетанот Џон Пиплфокс (Џон Пиплфокс, 2014).
Филмографија:Погрешно време (2000); Големата вода (2004); Ова не е американски филм (2011); Трето полувреме (2012); Тврдокорни (2013); Медена ноќ (2015); Лазар (2015); Златна петорка (2015); Преспав (2016); Фамилија Марковски (2017); Исцелител (2017); Година на мајмунот (2018), Јужен ветар (2018); Зоки Поки (2020); Хомо (2020); Моето име е Горан Стефановски (2022); Скриптата (2023).
Награди: Награда за најдобар млад актер „Трајко Чоревски” за улогите во претставата Синдром Чернодрински на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2001); Награда за најдобра машка споредна улога во претставата „Проклетство на изгладнетата класа“ на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2007).
Среќен роденден Игор ти посакува редакцијата на Екран.