Денес роденден прославува нашиот познат актер Благој Веселинов


Благој Веселинов е роден на 27 февруари 1984 година во Кочани. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владимир Милчин. Вработен е во Македонскиот народен театар од 2018 година.

Театрографија:


  • (12, 2024), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз, продукција: Македонски народен театар;
  • Кирил (Марта Верина, 2024), автор: Драгана Лукан Николоски, режисер: Нина Николиќ, во ко-продукција на Македонскиот народен театар и Перипетија продукција – Скопје;
  • Иванов, Николај Алексеевич (Иванов, 2023), автор: А. П. Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
  • Петар Стокман (брат на лекарот), градоначалник и претседател на управниот одбор на бањата (Народен непријател, 2022), автор: Хенрик Ибзен, режисер: Нина Николиќ, финален продукт од комплексниот проект „Патиштата на хероите“, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
  • Сид (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар;
  • Макдаф (Макбет, 2019), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Јевгениј Алексеевич Дорн (Галеб, 2018), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Нина Николиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Томас Новачек (Венера во крзно, 2018), автор: Дејвид Ајвс, режисер: Ивана Ангеловска, продукција: Кино култура;
  • Креонт (Антигона и Креонт, 2016), автор: Миро Гавран, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Кино култура;
  • Хенрих (Разговор во четири очи, 2016), автор: Ингмар Бергман, адаптација: Тамара Барачков, режисер: Нина Николиќ, копродукција: Македонски народен театар и Скопје филм студио;
  • Вториот патник (Тероризам, 2015), автори: Владимир и Олег Пресњаков, режисер: Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар;
  • Григориј Пугачов (Животот е прекрасен, 2015), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
  • Габриел (Кој пукаше на 21-ви, 2014), автор: Керил Черчил, режисер: Нина Николиќ, продукција: Младински културен центар – Скопје;
  • Ајрон (Класен непријател, 2011), автор: Најџел Вилијамс, режисер: Васил Христов, продукција: Вондерленд продакшн – Скопје;
  • Џуџето, синот, орелот (Брод за кукли, 2010), автор: Милена Марковиќ, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Вондерленд продакшн – Скопје;
  • Калуѓерот (Дон Жуан, 2010), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Александар Поповски, продукција: Кино ОКО – Скопје;
  • Џери (Неверство, 2009), автор: Харолд Пинтер, режисер: Нина Николиќ, продукција: ЦК – Скопје;
    (Воајер, 2009), режисер: Александра Кардалевска, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • Грофот (Вртелешка, 2009), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: ОПН Театар;
  • Ден (Поблиску, 2008), автор: Патрик Марбер, режисер: Јован Ристовски, продукција: НТС;
  • Дедал/Елнот (Метармофози, 2007), автор: Овидиј, режисер: Александар Поповски, продукција: Kunstuniversitat Graz (Austria)/ФДУ – Скопје;
  • Методија (Црнила, 2004), автор: Коле Чашуле, режисер: Дејан Пројковски, продукција: НТС.

Филмографија:

  • Војник (М, 2020), режисер: Вардан Тозија;
  • Бојан (Сите против сите, 2020), режисер: Андреј Косак;
  • Филип (Ашес, краткометражен филм, 2019), режисер: Ѓорѓи Лазов;
  • Даниел (Заб, краткомтражен филм, 2018), режисер: Ајден Ислами;
  • Коста (Иднината е наша, краткометражен филм, 2018), режисер: Андреј Георгиев;
  • Директор на ТВ (Година на мајмунот, игран филм, 2018), режисер: Владимир Блажевски;
  • (Дедо и внук, 2017), режисер: Илија Пиперковски, во пост – продукција;
  • Веле (Исцелител, 2017), режисер: Ѓорче Ставрески, Кино ОКО;
  • Јован (Чевли, 2016), режисер: Бранко Костески, продукција: Кино ОКО;
  • Коста (Ослободување на Скопје, 2014), режисер: Раде Шербеџија, продукција: Кино ОКО;
  • Дамјан (Балканот не е мртов, 2011), режисер: Александар Поповски, продукција: Кино ОКО;
  • Марко (Панкот не е мртов, 2011), режисер: Владимир Блажевски, продукција: Вардар филм;
  • Вук (Како да ме нема, 2009), режисер:Хуанита Вилсон, продукција: Вардар филм;
  • Убиецот (Бунило, 2009), режисер: Даријан Пејовски, продукција: Вардар филм;
  • Хулиган (Сенки, 2009), режисер: Милчо Манчевски, продукција: Triangle production;
  • Просјакот (Серија од Мајки, 2009), режисер: Илија Каров, продукција: К-15;
  • Димитрија (Сеќавањата на Марија, краток филм, 2009), режисер: Кирил Шентевски, продукција: ФДУ – Скопје;

Телевизиски серии:


  • Зоран — “Фамилијата Марковски”, р. Даријан Пејовски, 2019;
  • Великиот — “Преспав”, р. Вардан Тозија, 2020;
  • Инспектор – “Утре Наутро”, р. Јани Бојаџи, 2025.

Награди:

  • Награда на Берлинале „Shooting Stars“, која ја доделува платформата Европска филмска промоција, за улогата во филмот „Исцелитет“, 2019 г.;
  • Специјална награда на Green Montenegro International Film Festival во Црна Гора за улогата во филмот „Исцелител“, 2019 г.;
  • Награда за актерско откритие за 2017 година на „Златна бубамара на популарноста“;
  • Наградата за најдобар актер на Драмски аматерски фестивал – Кочани, 2004 г.

Редакцијата на Екран му го честита роденденот на Благој Веселинов и му посакува многу здравје и уште многу успеси на професионален план.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …