Boban Grncharov

Денес роденден прославува нашиот поранешен фудбалер и репрезентативец Бобан Грнчаров

Бобан Грнчаров е роден на 12 август 1982 година во Скопје. Тој е поранешен македонски фудбалер и репрезентативец на Македонија. Грнчаров играл на позицијата среден бек.

Грнчаров својата фудбалска кариера ја започнал во Република Македонија во клубовите Вардар и Работнички. Во 2001 година се преселил во Србија каде што играл сè до 2003 во клубот ОФК Београд.


Во 2003 година тој направил трансфер во Украина во екипата на Металург Донецк. Во вториот дел од сезоната 2006/07 заиграл на позајмица за клубот Стал Алчевск. Во 2007 година потпишал за белгискиот клуб Гент, каде во 20 натпревари постигнал три гола. Следната сезона бил позајмен на израелскиот Макаби Петах Тиква.

Во летото 2009 година, одборот на кипарскиот шампион АПОЕЛ објавил дека Грнчаров потпишал двегодишен договор со клубот. Во првата сезона на Кипар, тој го освоил суперкупот на Кипар постигнувајќи гол во финалето, како и одиграл четири натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите. Следната сезоната тој бил еден од клучните играчи на клубот, и покрај тоа што сите натпревари ги играл како централен одбранбен играч – постигнал 6 погодоци (сите со глава) помогнувајќи му на клубот да го освои кипарското првенство. Во мај 2011 година Грнчаров го напуштил клубот бидејќи не успеал да се договори за потпишување нов договор поради финансиски причини.


На 5 јули 2011 година, Грнчаров потпишал едногодишен договор со белгискиот клуб Лирс. По една помината сезона во Белгија, на 3 јули 2012 година, Грнчаров потпишал тригодишен договор со бугарскиот прволигаш Ботев Пловдив.

Првиот натпревар во дресот на македонската фудбалска репрезентација, Грнчаров го одиграл на 21 август 2002 година, во победата од 5-0 против Малта. За македонската репрезентација тој одиграл вкупно 34 натпревари и постигнал еден гол, а исто така бил и капитен на репрезентацијата во три наврати. Својот единствен гол го постигнал на 9 септември 2009 година во Осло против Норвешка.


Среќен роденден Бобан ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„РОМСКА ДУША” – Меѓународна ромска поетска вечер

Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност “Романо Ило” од Скопје, вечерва,  ја организира првата …