Благоја Чоревски е роден во Велес на 9 септември 1947 година. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година. Член на Драмскиот театар од 1971 година, до неговото пензионирање во 2012 година. Тој продолжува да биде активен во театарот и по пензионирањето. Бил директор на Драмскиот театар од 1983 до 1998 година.
Тој е син на доајенот на македонското глумиште Трајко Чоревски и глумицата Ратка Чоревска. Неговиот брат Борис Чоревски е познат битолски глумец.
Чоревски е добитник на голем број на награди и признанија;
- Златен ловоров венец на Малите и експерименталните сцени во Сараево во 1976 година,
- Стериината награда во Нови Сад во 1979 година,
- Награда за најдобра епизодна улога на Стерииното позорје,
- Награда за најдобро глумечко остварување на Игрите „Војдан Чернодрински“,
- Најпопуларно ТВ лице според анкетата на весникот „Вечер“,
- Награда за најдобро глумечко остварување на филмот и телевизијата според анкетата на ревијата „Екран“ во 1984 година.
- Лауреат и на Највисокото опшстествено признание на Република Македонија, Награда „11 Октомври“.
- Награда Климент Охридски 2004 година
- „Златна маска“ што весникот „Вечер“ ја доделува во рамките на „Охридско лето“ во 2007
- Награда „Петре Прличко“ во 2009 година
- Награда за животно дело Војдан Чернодрински во 2015 година
- Награда Свети Јоаким Осоговски во 2018 година
- Награда Ристо Шишков во 2018 година
- Награда Васил Иљоски во 2022 година
- Награда “13 ноември” во 2023 година
- Орден за заслуги за Македонија во 2024 година
Филмографија:
1969 Волшебниот воз ТВ-серија
1972 Табакерата ТВ-филм Сулејман бег
1973 Новогодишен карусел ТВ-филм
1975 Сребрено јаболко ТВ-филм
1975 Илинка ТВ-филм
1975-1976 Патот кон иднината ТВ-серија
1977 Итар Пејо ТВ-серија
1977 Големата соба ТВ-филм
1977 Исправи се, Делфина ТВ-филм
1977 Пресуда ТВ-филм
1979 Хихирику Радио емисија
1979 Курирот на Гоце ТВ-серија
1980 Учителот ТВ-филм
1980 Време, води ТВ-филм
1981 Булки крај шините ТВ-серија
1982 Илинден ТВ-серија
1983 Кога тетин Клименте шеташе над градот ТВ-филм
1983 Премиера ТВ-филм
1984 Исчекување ТВ-филм
1984 Хихирику – 5 години ТВ-филм
1984 Лет во место ТВ-филм
1984 Камчевци ТВ-серија
1984 Белото циганче ТВ-серија
1984 Комедијанти ТВ-серија
1984 Диво месо ТВ-филм
1985 Другар на патот ТВ-филм
1985 Дупло дно ТВ-филм
1985 Ајде да се дружиме ТВ-серија
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1987 Театарче лево ќоше ТВ-филм
1987 Пикасо ТВ-филм
1987 Случки од животот ТВ-серија
1988 Чук, чук Стојанче ТВ-серија
1988 Викенд на мртовци ТВ-серија
1988-1990 Еурека ТВ-серија
1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија
1990 Северна грешка ТВ-филм
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија
1990 Алф од Ново Лисиче ТВ-филм
1990 Викенд на мртовци ТВ-филм
1991 Тетовирање ТВ-филм
1991 Болва в’ уво ТВ-филм
1991 Женски оркестар ТВ-филм
1991 Во кафулето кај Гане ТВ-филм
1992 Чернодрински се враќа дома ТВ-филм
1996 Самоуништување
1998 Салон Хармони ТВ-серија
1999 Хихирику ТВ-серија
2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
2001 Агенција осамени срца ТВ-серија
2003 Битолски лакрдии ТВ-серија
2004 Хихирику ТВ-серија
2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм
2006 Пусто турско ТВ-филм
2008 Куќен совет ТВ-серија
2009 Ветар низ тополите ТВ-серија
2009 Балкан бенд ТВ-серија
2016 Вистинска љубов ТВ-филм
2016 Операција Дијамант ТВ-серија
2016-2020 Преспав ТВ-серија
2018 Ругање со Христос ТВ-филм
2019 Фамилија Марковски ТВ-серија
2019 Врба ТВ-филм
2020 Дајте музика ТВ-серија
2021 Кино Љубов ТВ-филм
2022 Лена и Владимир ТВ-филм
2022 Кајмак ТВ-филм
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија
2024 Утре Наутро ТВ-серија
Среќен роденден Чоре ти посакува редакцијата на Екран.