Денес роденден прославува нашиот кошаркарски тренер и поранешен кошаркар Јорданчо Давитков

Јорданчо Давитков е роден во Кочани на 12 септември 1963 година. Тој е познат македонски кошаркарски тренер, и поранешен кошаркар, репрезентативец на Македонија и селектор на истата репрезентација.

Својата професионална играчка кариера ја започнал во Работнички, и за истиот клуб настапувал 17 сезони. Во 1998 година се преселил во гостиварски Никол Ферт во кој играл две сезони.


На 30 мај 1993 година, Давитков го одиграл првиот натпревар за македонската репрезентација.

Давитков станал селектор на македонската кошаркарска репрезентација во 2001 година, наследувајќи го Марин Докузовски. Во 2003 година македонската репрезентација била суспендирана и преместена во Дивизијата Б. На тоа натпреварување, Македонија учествувала во 2005 година, притоа освојувајќи место за унапредување во А дивизијата. На дополнителните квалификации за Евробаскетот 2007, Македонија не успеала да влезе на завршниот турнир, и поради тоа Јорданчо Давитков поднел оставка. Исто така бил и селектор на кувајтската кошаркарска репрезентација.


Својата тренерска кариера ја започнал во 2000 година во Никол Ферт, со кој го освоил Купот на Македонија на двапати, во изданијата 2001 и 2002. Сезоната 2002/03 ја започнал во Никол Ферт со кој го освоил Суперкупот 2002. Потоа во февруари 2003 година пристигнал во Поло Трејд, за на крај во април да потпише за Балкан Стил. Сезоната 2003/04 во поголем дел ја минал во Неметали Огражден, сè до пред крајот на сезоната кога му бил врачен отказ. Во јуни 2004 година, Давитков потпишал четиригодишен договор со Ферпшед Работнички. Со Фершпед Работнички го освоил освоил Првенството во сезоните 2004/05, 2005/06, како и Купот во 2005 и 2006. По неуспешната сезона 2006/07, Давитков си поднел оставка од кормилото на Работнички. Во декември 2007 година, Давитков потпишал со Струмица 2005. Таму останал сè до крајот на март 2008 година. Во мај 2008 година, Давитков ја започнал својата меѓународна кариера во исландски Унгменафелагиo Снаефел. Таму не останал долго и во ноември истата година, Давитков и Снаефел ја прекинале соработката. Во ноември 2008 година, станал бил тренер на кувајтска Ал Кадсија, каде бил до 2011 година. Со Ал Кадсија освоил три домашни првенства и еден кувајтски Куп во 2010 година. Сезоната 2011/12 ја минал во друг кувајтски клуб, Ал Јахра, со кој бил вицепрвак во Купот. Следната сезона се преселил во ОАЕ, во клубот Ал Васл Дубаи, со кој потпишал едногодишен договор. Од 2015 до 2017 година бил тренер на Ал Шааб, уште еден емиратски клуб. Во ноември 2017 година, Давитков потпишал за клубот Банијас од Обединетите Арапски Емирати. Во јануари 2018 година, Давитков станал старо-нов тренер на Ал Кадсија. Токму со Ал Кадсија, Давитков повторно станал првак во кувајтското првенство. Во април 2020 година, тој го напуштил клубот Ал Кадсија. Во средината на јануари, Давитков станал тренер на косовска Пеја. Таму не останал долго бидејќи на почетокот на март си дал отказ како тренер и заминал. Но речиси веднаш, на крајот на март, тој пронашол нов ангажман во романскиот клуб Таргу.

Среќен роденден Јорданчо ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска (1973-2024)

Денес, со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната Опера и Балет, ќе …