Симеон Мони Дамевски е роден на 6 септември 1958 година во Скопје. Тој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски актер.
Дамевски ја започнал својата филмска кариера како театарски актер на 11-годишна возраст, а две години подоцна глуми како главен лик во детската ТВ серија „Тринаесеттиот клуч“ во продукција на Македонската телевизија. Дипломирал актерство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а магистрирал на Ратгерс, државниот факултет на Њу Џерси во САД, каде од 1990 до 1992 година бил и асистен по глума.
Оттогаш настапува во бројни театарски, телевизиски и филмски проекти во Македонија и во САД. Како што растеше неговото искуство, така растеа и неговите интереси. Така, во текот на својата 40-годишна кариера, тој продуцираше 2 играни филма „Враќањето“, 2018 и „Војната заврши“, 2010 година, 6 документарни филмови, а работеше и како кастинг директор на „Пред Дождот“ и неколку други играни филмови и ТВ проекти. Дамевски исто така е театарски режисер и сценарист. Неговото режисерско деби во Македонија ја доби наградата за најпопуларно театарско шоу во 1999 година.
Филмографија:
1984 Лет во место ТВ-филм
1984 Го мемираше мојот јастреб ТВ-филм
1985 Од зад грб ТВ-филм
1985 Јазол ТВ-филм
1994 Пред дождот ТВ-филм
1996 5 мртви на темноцрвеното платно ТВ-филм
2005 Остани исправен ТВ-филм
2010 Пилот ТВ-филм
2013 409 ТВ-филм
2016 Болка на Душата ТВ-серија
2016 Црвената соба ТВ-филм
2017 Сечи тука ТВ-филм
2017 Исцелител ТВ-филм
2017 Коливо ТВ-филм
2017 Македонија ТВ-серија
2018 Сведокот ТВ-филм
2018 Еј ТВ-филм
2019 Господ постои, името ѝ е Петрунија ТВ-филм
2019 Неонски срца ТВ-филм
2019 Налепница ТВ-филм
2020 Стела ТВ-филм
2020 Зоки Поки ТВ-серија
2020 Хомо ТВ-филм
2020 Преспав ТВ-серија
2022 Скриптата ТВ-филм
2022 Снежана на крајот умира ТВ-филм
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија
2023 Кома ТВ-филм
2024 Утре Наутро ТВ-серија
Среќен роденден Мони ти посакува редакцијата на Екран.