Емил Рубен е роден во Скопје на 17 јули 1948 година. Тој е истакнат македонски филмски и театарски актер. Дипломира на актерска игра на Академијата за филм и театар во Загреб во 1971 година. Во Македонскиот народен театар – Скопје работи од 1971 до 2012 година.
Својата филмска кариера Рубен ја започнал како дете. Во 1954 година, на шестгодишна возраст, бил избран да ја игра улогата на Жарко во филмот „Тие двајцата“ на Жорж Скригин кој бил премиерно прикажан во 1955 година. Две години подоцна снимила два филма во кои ги играл главните улоги: „Малиот човек“ (1957) на Жика Чукулиќ и краткометражниот филм „Бунт на куклите“ на Димитрие Османли.
Првата театарска улога ја остварил во 1960 година, кога гостувал во претставата „Колибата на чичко Том“, изведена од учениците на старата Учителската школа. Професионалниот театарски ангажман го почнал во сезоната 1966/67, играјќи во претставата „Случајот во Виши“ во режија на Димитар Ќостаров, а во изведба на МНТ.
Награди:
- Награда за животно дело на 55. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2021
- Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ за улогата на Куче во претставата „Изгубени германци“ во изведба на Македонски народен театар, Скопје, на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2013
- Награда на Град Скопје „13 Ноември“, 2001
- Награда за животно дело „Петре Прличко“, 2008
Среќен роденден Емил ти посакува редакцијата на Екран.