Денес роденден прославува нашиот истакнат актер Борис Чоревски

Борис Чоревски е роден во Скопје на 15 септември 1949 година. Тој е познат македонски филмски и театарски глумец, член на Народниот театар во Битола од 1975 година, па сè до неговото пензионирање во 2016 година. Продолжува да биде активен и по пензионирањето. Од тогаш до сега одиграл повеќе од 150 улоги.

Основно и средно образование завршил во Битола, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за глумечка игра. На сцената на Народниот театар од Битола настапувал од раната младост, статирајќи и играјќи епизодни улоги. Како младинец ја освоил наградата за најдобра машка улога за ликот на Хенри во претставата „Незакопани мртовци“ од Жан Пол Сартр на Сојузниот натпревар на аматерите од поранешна СФР Југославија во Хвар. По дипломирањето во 1975 година се вработил во Народниот театар во Битола каде остварил преку 100 улоги. Како гостин настапувал во театрите во Прилеп, Штип, Струмица и во Скопје Македонски народен театар и Драмски театар.


Филмографија:

1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм
1975 Јад ТВ-филм
1975 Прва вечер ТВ-филм
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм
1977 Пресуда ТВ-филм
1979 Жена од малтер ТВ-филм
1980 Оловна бригада ТВ-филм
1980 Учителот ТВ-филм
1981 Црвениот коњ ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Јавачи на ветрот ТВ-филм
1983 Црвениот коњ ТВ-филм
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм
1986 Среќна нова ’49 ТВ-филм
1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм
1987 Девојките на Марко ТВ-серија
1988 Втора смена ТВ-серија
1991 Поштар ТВ-филм
1992 Тврдокорни ТВ-серија
1994 Пред дождот ТВ-филм
1994 Прекалени ТВ-серија
1995 Ангели на отпад ТВ-филм
1999-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
2000 Погрешно време ТВ-серија
2000 Големи и мали ТВ-серија
2001 Македонска емиграција ТВ-филм
2001 Прашина ТВ-филм
2002 Наше маало ТВ-серија
2003 Битолски лакрдии ТВ-серија
2007 Сенки ТВ-филм
2007-2009 Збогум Румелија ТВ-серија
2008-2009 Македонски народни приказни ТВ-серија
2010 Мајки ТВ-филм
2011 Трето па машко ТВ-серија
2012 Трето полувреме ТВ-филм
2012 Минатото лето на Балканот ТВ-серија
2013 Тврдокорни ТВ-серија
2014 До балчак ТВ-филм
2015-2016 Големото прогонство во Кавкасија
2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм
2018 Година на мајмунот ТВ-филм
2022 Кајмак ТВ-филм
2024 Црвениот поет ТВ-серија


Награди и признанија:

Награда „4 Ноември“ доделена од страна на Општина Битола
Најдобро глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ (двапати)
„Екран“ (двапати)
2011 – Награда „Петре Прличко“
Награда „11 Октомври“
2011 – Награда „Ристо Шишков“
2021 – Награда за животно дело на 55. Македонски театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“


Среќен роденден Борис ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска (1973-2024)

Денес, со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната Опера и Балет, ќе …