Денес роденден прославува нашиот актер, режисер, пантомимичар и водител Кирил Трајковски – Максим


Кирил Трајковски – Максим е роден на 3 септември 1986 година во Скопје. Тој е македонски глумец, режисер и водител особено вклучен во пантомимата.

Остварил улоги во повеќе македонски телевизиски сериски и играни филмови, меѓу кои: Болка на душата, Вистинска љубов, Македонски народни приказни и филмот „Максим“ каде тој покрај главната улога е и режисер, сценарист и продуцент. Играл и во документарниот филм „Еднаш на истокот“, реклами како и во театарски претстави, посебно и со изведби на пантомима.


Филмографија:

2010 Некогаш одамна на исток ТВ-филм
2012 Максим ТВ-филм
2013-2014 Македонски стари приказни ТВ-серија
2016 Вистинска љубов ТВ-филм
2015-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија
2016 Болка на Душата ТВ-серија
2016 Чудешна средба ТВ-филм
2018 Ругање со Христос ТВ-филм
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија
2024 Црвениот поет ТВ-серија


Среќен роденден Кирил ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега!

Водечкиот европски синџир дрогерии го организира првиот најголем настан за убавина во нашата земја: dm …