Мирка Велиновска е родена во Скопје на 23 април 1952 година. Таа е позната македонска новинарка и политички аналитичар.
Завршила Филозофски факултет – историја на уметноста, студирала ориенталистика во Белград и класичен англиски јазик на Кембричкиот универзитет.
Од 1980 година во Културната редакција на МРТВ, а од наредната година во Внатрешно-политичката рубрика на „Вечер“.
Во периодот 1990/98 година се афирмирала како коментатор во неделникот „Пулс“. Еден од основачите на неделникот „Старт“ во 1999 година и на неделниот магазин „Зум“. Таа е независен новинар во водечкиот политички неделник „Фокус“, сега во „Нова Македонија“. Соработувала со Дојче Веле, „Срч фор граунд“ и Институтот за војна и мир во Лондон.
Среќен роденден Мирка ти посакува редакцијата на Екран.