Благица Павловска е родена на 4 декември 1958 година во Скопје. Таа е позната македонска пејачка на народна музика.
Таа живее и работи во Скопје. Покрај соло кариерата, Благица Павловска своевремено настапуваше со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Благица настапуваа и Андријана Алачки, Росана Тодоровска и Бади Бекир.
Благица Павловска досега ги има издадено следниве албуми:
- Не можам да те заборавам (1993)
- Птичица (1993)
- Вљубена жена (1995)
- Скрешено срце (1998)
- …И цело Врање (1998) – српско издание
- Цело Скопје (1998)
- Спиј мирно моја плането (2000)
- Те закам земјо црвена булко (2002)
- Казино (2002)
- Доктори 100 да ме лечат (2003)
- The Best of Blagica Pavlovska (2004) – бугарско издание
- Благица Павловска (2005)
- Добро утро Македонијо (2006)
- Мајката наша Македонија (2019)
Среќен роденден Благица ти посакува редакцијата на Екран.