Тања Кочовска е родена на 21 јануари 1967 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1991 година работи во Драмски театар – Скопје, во 1993 година преминиува во Театар за деца и младинци – Скопје, а потоа во 2017 година преминува во Македонски народен театар – Скопје. Ќерка е на поранешните членови на групата „Мањифико“, Панче и Невена Кочовски. Нејзина сестра е пејачката Лидија Кочовска.
Театрографија:
- Спиројца (Народен пратеник, 2024), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;
- Валери фон Кант (Горчливите солзи на Петра фон Кант, 2022), автор: Рајнер Вернер Фасбиндер, режисер: Ивица Димитријевиќ, копродукциски проект меѓу РСМ НУ Македонски народен театар и МИ Филм – Скопје;
- (Вистинскиот запад, 2022), автор: Сем Шепард, режијсер: Борис Василески, продукција: Младинскиот културен центар во Скопје;
- Бела (Мој термин, 2019), по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
- Аспасија (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Рози (MAMMA MIA!, 2018), музика и текст: Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, текст: Кетрин Џонсон, по приказната на: Џуди Крејмер, режисер: Наташа Поплавска, копродукција: Македонски народен театар и Проспот – Словенија;
- Мајката Грациела (Кец на десетка, 2017), автор: Митко Бојаџиски, режисери: Драган Спасов и Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар;
- Дорина (Тартиф, 2016), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Галин Стоев, продукција: Македонски народен театар;
- Маргарита Ивановна (Животот е прекрасен, 2016), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
- Ѕвончица (Петар Пан, 2016), даматизација: Маја Енчева, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Мама Мортон (Чикаго, 2015), автори: Боб Фос и Фред Еб, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
- (Заспаниот разум раѓа чудовишта или денес не напишав ниту збор, 2015), спорет делата на: Данил Хармс, Франциско де Гоја, Антонио Буеро Ваљехо, режисер: Владимир Милчин, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- (Могли, 2014), автори: Маја Енчева, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- (Пат околу светот, 2014), драматизација и режија: Бојан Трифуновски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Учителката Присилус (Пипи долгиот чорап, 2013), автор: Астрид Линдгрен, режисер: Драгана Милошевка – Попова, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Старата мудра пајка, кокошката (Грдото пајче, 2012), автор: Ханс Кристијан Андерсен, драматизација и режија: Дејан Дамјановски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- (Декамерон, 2012), автор: Џовани Бокачо, режисер: Боњо Лунгов, копродукција: Театар за деца и младинци – Скопје и Македонски народен театар;
- Тетка Ема, Злобната вештерка, Четка, Глушец (Волшебникот од Оз, 2011), автор: Франк Баум, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- (Алиса во земјата на чудата, 2011), автор: Луис Керол, режисер: Александар Ивановски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- (Бескрајни соништа, 2010), режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Титанија (Сон на летната ноќ, 2009), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- (Девојчето со ќибритчиња, 2008), автор: Ханс Кристијан Андерсен, адаптација и режија: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- (Телефонот, 2007), автор и режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- (Попот и неговиот селски слуга Будал, 2006), автор: Александар Пушкин, адаптација и режија: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Миличка, Бабата, Селанка, Бесомар (Три древни приказни, 2006), автор: Ивана Брлиќ – Мажураниќ, режисер: Горан Головко, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Паца на Маца (Кралот Кускуле први, 2005), автор: Васил Пујовски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- (Василиса прекрасна, 2004), автор: Русомир Богдановски, режисер: Димитар Станковски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Папагалот Рики и Кафезот (Папагалот Рики, 2004), автор: Јордан Тодоров, режисер: Константин Каракостов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Царот (Сказна за царот и овчарот, 2003), автор: Бошко Трифуновиќ, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
(Ѕвезден коктел, 2003), автор и режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје; - Зуки, старицата (Во пердувите на жеравот, 2002), автор: Мирослав Беловиќ, режисер: Ана Ѓорѓевиќ, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Бојанка (Чук чук Стојанче, 2002), автор: Оливера Николова, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- (Вагинални монолози, 2001), автор: Ив Елснер, режисер: Димитар Станковски, самостоен проект во копродукција со Македонски народен театар;
- (Итар Пејо, 2001), автор: Братислав Димитров, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Велчо (Силјан штркот, 2001), автор: Дејан Дуковски, режисер: Димитар Станковски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Царицата (Јане Задрогаз, 2000), автор: Горан Стефановски, режисер: Драгослав Тодоровиќ, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
(Македонска приказна, 2000), автор и режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје; - Глупиот Август (Училиште за кловнови, 2000), автор и режисер: Коле Ангеловски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Берберот (Крале Марко, 1999), автор: Братислав Димитров, режисер: Димитар Станковски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Багира пантерот (Могли, 1999), автор: Р. Киплинг, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Хортензија и Георгина (Пепелашка, 1999), автор: Шарл Пјеро, режисер: Драган Довлев, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Пупи Паф (Пупи Паф, 1998), автор: Братислав Димитров, режисер: Димитар Станковски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Нела (Двајца во еден, 1998), автор: Томислав Османли, режисер: Димитар Османли, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Скакулка (Убавицата и ѕверот, 1998), автор: Игор Бојовиќ, режисер: Димитар Христов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Мајката, Мачорот, Едноокиот, Булдогот (Светло синото куче Петар, 1997), автор: Левит, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Жената (Елвира е кул, 1995), самостаен проект;
- (Како сон, 1994), автор и режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Пинокио (Пинокио, 1994), автор: Карло Колоди, режисер: Мелита Бихали, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- (Спомени во ноќта, 1993), автор и режисер: Боњо Лунгов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Марија (Евангелие по Јуда, 1993), автор: Југослав Петровски, режисер: Горан Тренчовски, продукција: Народен театар „Антон Панов“ – Струмица;
- Торнадо Лу (Беше еднаш на дивиот запад, 1992), автор: Драгана Бошковиќ, режисер: Димитрие Османли, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- (Грев или шприцер, 1992), автор: Сашко Насев, режисер: Димитар Станковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Војвотката Паца на Маца (Кралот Кускуле први, 1991), автор: Васил Пујовски, режисер: Душан Г. Наумовски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- (Мечка, 1991), режисер: Александар Поповски;
- Електра (Црнината и прилега на Електра, 1989), режисер: Александар Поповски;
- Помладата сестра, пеачката (Баал, 1987), автор: Бертолд Брех, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Жената на красноречивиот, (Гуштерица, 1986), автор: Александар Володин, режисер: Евгениј Лазаров, продукција: Македонски народен театар.
Филмографија:
- 1988 Ел камино дел сур ТВ-филм
- 1990 Македонски народни приказни ТВ-серија
- 1992 Еурека ТВ-серија
- 1993 Светло сиво ТВ-филм
- 1999 Во светот на бајките ТВ-серија
- 2001 Светот има осум страни ТВ-серија
- 2001 Во светот на бајките ТВ-серија
- 2002 Наше маало ТВ-серија
- 2003 Битолски лакрдии ТВ-серија
- 2011 Трето па машко ТВ-серија
- 2018 Година на мајмунот ТВ-филм
- 2018-2021 Преспав ТВ-серија
- 2022 Тин Камп ТВ-серија
- 2024 Убиј ги прво децата ТВ-филм
Награди:
- Награда за актерка за 2019 година на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“;
- Награда за актерско мајсторство на кукла во претставата „Петар Пан“ на меѓународен куклен фестивал, Подгорица, 2017 г.;
- Награда за актерка на 2015 г. на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“;
- Колективна награда за актерско остварување во претставата „Бескрајни соништа“ на меѓународниот куклен фестивал „Златна искра“, Крагуевац 2014 г.;
- Награда за актер во улогата на Тетка Ема и Злобната вештерка во претставата „Волшебникот од Оз“ и награда за најдобра претстава на меѓународниот куклен фестивал за деца Суботица, 2013 г.;
- Колективна награда за актерско остварување во претставата „Волшебникот од Оз“ на меѓународниот куклен фестивал за деца Суботица, 2012 г.;
- Гран при за претставата „Девојчето со ќибритчиња“ на фестивалот на театри за деца Котор, Црна Гора, 2008 г.;
- Колективна награда за актерско остварување во претставата „Телефонот“ на фестивалот на театри за деца Котор, Црна Гора, 2008 г.;
- Клективна награда за актерско остварување во претставата „Попот и неговиот селски слуга Будал “ на фестивалот на театри за деца Котор, Црна Гора, 2007 г.;
- Награда за актер за остварена улога во претставата „Македонска приказна“ и за најдобра претстава на меѓународниот фестивал на театри за деца Бања Лука, Република Српска, 2002 г.;
- Награда за актер во улогата на Бојанка во претставата „Чук чук Стојанче“ на меѓународниот фестивал на театри за деца Бања Лука, Република Српска, 2002 г.;
- Колективна награда за актерско остварување во претставата „Македонска приказна“ на меѓународниот куклен фестивал за деца, Суботица 2000 г.;
- Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Скакулка во претставата „Убавицата и ѕверот“ на меѓународниот куклен фестивал за деца, Суботица 2000 г.
Среќен роденден Тања ти посакува редакцијата на Екран.