Сашка Димитровска е родена на 9 јули 1978 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на професорот Владимир Милчин во 2001 година. Таа е вработена во Македонскиот народен театар од 2006 година.
Театрографија:
- Болничарка (Сите сме птици, 2022), автор: Важди Муавад, режисер: Слободан Унковски, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
- Ховстад, уредничка на „Народен гласник“ (Народен непријател, 2022), автор: Хенрик Ибзен, режисер: Нина Николиќ, финален продукт од комплексниот проект „Патиштата на хероите“, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
- Сидони фон Гразенаб (Горчливите солзи на Петра фон Кант, 2022), автор: Рајнер Вернер Фасбиндер, режисер:Ивица Димитријевиќ, копродукциски проект меѓу РСМ НУ Македонски народен театар и МИ Филм – Скопје;
- Госпоѓа Перела (Човек, ѕвер и доблест, 2019), автор: Луиџи Пирандело, режисер: Егон Савин, продукција: Театар Комедија – Скопје;
- Лилјана (Мој термин, 2019), по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
- Полина Андреевна (Галеб, 2018), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Нина Николиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Наталија Петровна (Еден месец на село, 2018), автор: Иван Сергеевич Тургењев, режисер: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар;
- Славица (Говорна мана 2017), автор: Горан Марковиќ, режисер: Драгана Милошевска – Попова, продукција: Македонски народен театар;
- Донка (Прекината одисеја, 2016), автор: Роберт Урбањски, режисер: Јацек Гломб, копродукциja: Македонски народен театар и театар „Хелена Моджејевска“ – Полска;
- Јелена Андреевна (Вујко Вања, 2015), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар;
- Мајката Тила (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
- Медлен Бежар, актерка на де Молиер (Животот на Молиер, 2012), автор: Михаил Булгаков, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
- Грофицата, Сузана (Свадбата на Фигаро, 2011), автор: Пјер Бомарше, режисер: Леван Цуладзе, продукција: Македонски народен театар;
- Даша Шатова (Бесови, 2011), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
- Дуњашка (Вишновата градина,2010), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Трајче Ѓоргиев, продукција: Македонски народен театар;
- Кралиците (Кралот Иби, 2007), автор: Алфред Жари, режисер: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;
- (Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- (Безимениот, 2006), според „Електра“ од Софокле режисер: Елени Боза, продукција: Македонски народен театар;
- Анриета (Една вечер со…, 2006), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Деан Дамјановски, продукција: Македонски народен театар;
- (Последниот маж, последната жена, 2005), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Димитар Станковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Матурина (Дон Жуан, 2005), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Александар Поповски, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Хор (Копидона, 2005), автор: Срѓан Јаниќијевиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Адела (Домот на Бернарда Алба, 2004), автор: Федерико Гарсија Лорка, режисер: Горчин Стојановиќ, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Маша (Три сестри, 2004), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Димитар Станковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
- (Новогодишна трилогиjа, 2004), автор: Биљана Србњановиќ, режисер: Деан Дамјановски, продукција: Универзална сала;
- Лизавета Николаевна (Демони, 2001), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Цвета, Едис (Балканот не е мртов, 2001), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
- Солвејг (Пер Гинт, 2001), автор: Хенрих Ибзен, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
- (Сон на летната ноќ, 2001), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Димитар Станковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
- (Синдром Чернодрински, 2001), автор: Горан Стефановски, режисер: Деан Дамјановски, продукција: Универзална сала – Скопје;
- Ќерката (Аудиција, 2001), автор: Александар Галин, режисер: Владимир Милчин – Дипломсака претстава, ФДУ;
- (Земјомерот, 2000), автор: Николај Кољада, режисер: Владимир Милчин, продукција: Драмски театар – Скопје;
- (Елешник, 2000), автор: Југослав Петровски, режисер: Димитар Станковски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“- Велес;
- (Случајот ДХ, 2000), автор: Даниел Хармс, режисер: Владимир Милчин, продукција: Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;
- (Астерикс и Обеликс, 1999), детска претстава;
- (Комедија на суетата, 1998), режисер: Елиас Каниети, продукција: Миталфест Чивидале – Италија.
Филмографија:
- (Кајмак, 2021), режисер: Милчо Манчевски;
- Арта (Медена ноќ, 2015), режисер: Иво Трајков;
- Крстана (Балканот не е мртов, 2011), режисер: Александар Поповски;
- Ленка (Елегија за тебе, ТВ-филм, 2007), режисер: Васил Зафирчев;
- (Години на самотија, краткометражен филм, 2004), режисер: Филип Кондовски;
- (Волци, ТВ-филм, 2003), режисер: Слободан Деспотовски;
- (Заведени, ТВ-филм, 2002), режисер: Слободан Деспотовски;
- Дора (Ангели на отпад, 1995), режисер: Димитрие Османли.
ТВ-серии:
- Џенис (Турни ме да кинисам, 2011), режисер: Томислав Алексов, продукција: Македонска радио телевизија;
- Докторката (Сакам да станам коцкар, 2004);
- (Заведени, 2002);
- (Наше маало, 2002), режисер: Игор Иванов – Изи;
- Лиле (Погрешно време, 2000), режисер: Драган Вељановски, продукција: Македонска радио телевизија;
Награди:
- Награда за најдобра главна женска улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Милка во претставата „Елешник“, 2000 година;
- Награда за најдобар млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата во претставата „Синдром Чернодрински“, 2002 година;
- Награда за актерка на годината „Златна Бубамара на популарноста“, 2022 година.
Среќен роденден Сашка ти посакува редакцијата на Екран.