Катерина Шехтанска е родена во Скопје на 19 август 1980 година. Таа е македонска глумица, водителка и балерина. Била членка на балетското студио „Ребис“. Ќерка е на познатиот македонски глумец Александар Шехтански.
Дипломира актерска игра на Факултет за драмски уметности во Скопје во 2003 година. Работи во Драмски театар Скопје од 2011 година.
Театрографија:
Пеачката/ Сестрата ( Баал, 2011); Ула (Македонска крвава свадба, 2012); Марија (Солунски патрдии, 2013); Маре ( Евангелие на глупоста, 2014); Жена брзозборка (Џон Пиплфокс, 2014) Филистинскиот серен (Библијата, 2015) и други.
филмографија:
Како убив светец (2004); Бал-кан-кан (2005), Образ (2011), Бардо (2012), Операција дијамант (2016), Ручек (2022) и други.
Среќен роденден Катерина ти посакува редакцијата на Екран.