Денес роденден прославува нашата поетеса Лила Арсова

Лила Арсова е родена на 6 ноември 1967 во Велес. Основно образование завршила во ООУ „Рајко Жинзифов“ а средно образование во СОУ „Јовче Тесличков“ во Велес. Дипломирала на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј во Скопје. Работи како професор во одделенска настава во ОУ „ Васил Главинов“.

Претседател е на друштвото на писатели „Коста Солев Рацин “ во Велес од 2014 до денес. Нејзиното творештво е преведувано на неколку јазици, меѓу кои српски, англиски, грчки, романски и бугарски. Застапена со творештвото во многу интернет портали и списанија.


Творештво:

Поезија и проза за деца и младинци:


  1. „Поточиња во детските очиња“, издавач и печат Дата Песнопој, Битола (2010);
  2. „Детството соништа плете“, издавач – авторот, печат „Прва книга“, Велес (2010);
  3. „Свете растеш ли ко дете“, издавач – авторот, печат „Унистар“- Велес (2016);
  4. Драмски текстови „ Сончевата трпеза“, издавач авторот, печат „Унистар“ Велес (2015);
  5. „Приказни крај воденичните камења“ (книга со приказни и бајки) издавач – авторот, печат „Унистар“- Велес (2015);
  6. . „Приказни од мојот крај“, издавач – авторот, печат „Академски печат“- Скопје (2018);
  7. Коавтор на стихозбирката за деца „ Прошетка низ азбуката“ (2018)
  8. Коавтор на стихозбирката песни на македонски и италијански јазик посветени на Мајка Тереза ( 2018 и 2019 година).

Меѓународни заеднички изданија:

  1. Македонско – грчки избор на дела „Гласови“ во издание на „Дата Песнопој“ Битола (2011);
  2. Македонско – бугарска антологија „Книжевни одблесоци“ во издание на „Дата – Песнопој“ – Битола (2016);
  3. „Мојот татко храни птици“- меѓународен зборник во издание на „Лијепа реч“ од Тузла, Босна и Херцеговина (2018);
  4. Меѓународни зборници поезија „Мајка Тереза 2021“ и „Празници 2“ (2021);
  5. Збирка поезија на 2-от Меѓународен фестивал на поезија, проза, афоризми и хаику “Симбиоза на планета 2022”, во организација на Клубот на книжевни творци “Симбиоза” – Куманово.

Авторство како група автори:


  1. Зборник „Велешки поетски пулсирања“ 2014, 2015, 2016, 2017- Клуб на писатели „ Коста Солев Рацин“ (2016);
  2. „Распеано слевејче “ – Здружение Златно перо – Битола (2015);
  3. „Поетски чекорења“ – Друштво на писатели Куманово (2015);
  4. „Песни за учителот“- Здружение на просветни работници литературни творци во Р Македонија – (2016 и 2017);
  5. „Во светот на бајките“- Ирис, Струга (2016);
  6. „Метрички карван“ – Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија (2016);
  7. Списание „Велес“- Клуб на писатели „Коста С. Рацин“ (континуирано од 2016); издавач
  8. Збирка „Златен меч на времето“ – Клуб на писатели „Коста С. Рацин“ – Васил Тоциновски (2017);
  9. Збирка на поетски творби за деца „Стихувалки“- ЕДУКА МАК, Скопје (2018);
  10. Антологија посветена на Даница Ручигај – Академски печат, Скопје;
  11. Збирка поезија „Мостови на пријателството“- Здружение „Диван“од 2017 до 2022;
  12. Песни во списанието за деца „Супер Смешка“(2018);

Награди и признанија:

  • Награда на фестивалот „Стихувалки“ 2018 година;
  • Поет на годината на манифестација „Литератопија 2020“ година

Среќен роденден Лила ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …