Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска поп-пејачка. Честопати е позната и само по името Каролина. Ја започнала музичката кариера во 1991 година со настап на локалното детско шоу и продолжила да учествува во наредните години, добивајќи се со признание за нејзиниот талент. Во 1992, го издава својот прв детски албум насловен Мамо, пушти ме. Потпишува договор со издавачката куќа Авалон продукција во 2000 година.
Дискографијата на Гочева се состои о девет музички албуми коишто опфаќаат поп, R&B, рок, традиционални фолк и етно, џез и светски музички стилови. Кратко откако го потпишала договорот со Авалон продукција, Гочева го издала првиот студиски албум Јас Имам Песна, којшто ја вклучува песната „Немир“ снимена со Тоше Проески. Нејзиниот втор, трет и четврти студиски албум Зошто сонот има крај, Знаеш колку вредам и Во заборав биле издадени во 2002, 2003 и 2005, последователно. Додека нејзините први пет албуми се претежно во стилот на поп, R&B и рок, подоцнежните издадени дела Македонско девојче (2008), Македонско девојче 2 (2014) и Извор (2018) вклучувале елементи од македонската традиционална музика и џез. Оваа промена во звукот води до зголемена популарност, широка прифатеност од публиката и распродадени концерти во Северна Македонија, Србија и Бугарија. Нејзиниот деветти студиски албум, во сорапотка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, Песни за љубов и копнеж, е издаден на 24 декември 2022. Десеттиот очекуван студиски албум е најавен како поп проект којшто е најавен со синглот „Дај на сунце“ (македонски: „Дај на сонце“) и се очекува да биде издаден кон крајот на 2024.
Ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија во 2002 година во Талин, Естонија, со песната „Од нас зависи“ каде се пласира на 19-то место. Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапува со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето. Гочева има освоено многу награди и признанија во Северна Македонија како и другите Балкански церемонии за награди. Широко е позната како најпознатата македонска поп пејачка за што ги добива називот „македонска поп принцеза/кралица“ и „поп дива“. Иако најголемиот број од нејзините песни се испеани на македонски, Гочева исто така има издадено албуми на српскохрватски и англиски што довело до зголемена популарност во Бугарија и екс-Југословенските држави како Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.
Во март 2023, Гочева дава интервју за емисијата Жилет на Македонската Радио Телевизија. На 13 декември 2023, Гочева ја издава песната „Дај на сунце“ напишана од Дино Мухаремовиќ и аранжирана од Дино Шукало заедно со црнобело музичко видео режирано од Миомир Милиќ. Песната ја има својата премиера на српската радио станица Накси каде што пејачката кратко изјавила дека насловот е повик за женскиот протагонист да го покаже нејзиното убаво лице на сонце. Ја снима песната два месеци пред да биде издадена. Клипот е снимен во ноември, на ладни температури од -5 °C на две локации на македонската планина Бистра, вклучувајќи ги Галичник и Маврово.
Како промоција на песната, се појавува на шоуто Među Nama на српскиот телевизиски канал Nova S во Белград на 21 декември 2023 каде што дава интервју. На 22 декември, се појавува на српското шоу Kec na jedanaest во Белград каде што ја промовира песната, дава интервју и ги изведува своите српски песни „Srešćemo se Opet“, „Kad Voliš“ и „Više se ne Vraćaš“ како и македонската преработка на песната „Ако згрешам нека изгорам“. Пејачката исто така ги споделува своите планови за иден студиски албум на којшто има вклучено некои сопствени аранжирани песни, објавува нов сингл пред неговото издавање и споделува дека очекува да го издаде во септември или октомври таа година. Зборувајќи за идните планови за учество во Евровизиската Песна за Евровизија, таа открива дека последното учество во 2007 ѝ претставувало голема одговорност, дека не би сакала баш повторно да помени преку „толку стресно искуство“ знаејќи го прогресот на социјалните медиуми на полуфиналната и финалната вечер.
На 1 и 2 март 2024, Гочева одржува два последователни концерти во ноќниот клуб Пјур во Скопје; нејзиниот настап добива многу добри критики од новинарите за ЦрноБело коишто ја нарекуваат „фантастична“. Подоцна истиот месец, на 22 март, се појавува во Тирана, Албанија каде што настапува во Националниот театар на опера и балет на Албанија. На 24 март 2024, Гочева го одржува првиот концерт во Крива Паланка каде што настапува со песни од Македонско девојче и Извор покрај нејзините постари песни.
Редакцијата на Екран и го честита роденденот на Каролина и и посакува многу здравје и уште многу успеси во понатамошната кариера.