Денес роденден прославува нашата истакната поетеса Лили Бошевска

Лили Бошевска е родена во Битола на 12 декември 1966 година. Таа е македонска поетеса и писателка како и општествен работник во областа на образованието и културата.

Основно и средно образование завршила во Битола. 1992 Дипломирала во областа на техничките науки на Технички факултет- Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.1998 Дипломирала во областа на општествените науки како Професор на Педагошки факултет Чачак-Универзитет Крагуевац, 2004 Магистрирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје , Р Македонија, на Институт за социолошки и политичко- правни истражувања; Постдипломски студии по кадровски менаџмент.2013 Докторирала на Универзитетот „Св, Климент Охридски“- Битола.


2022 – 2024 Директор на Јавна општинска установа Културен и информативен центар Битола;2017 – 2022 Стручен соработник- библиотекар ОУ „Св Кирил и Методиј“ Битола:2016 – 2017 Директор на Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола;2008 – 2016 Директор на Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Битола;2006 – 2010 Обучувач на наставници; 2007 – 2009 Асистент менаџер на Академија за млади обучувачи; 2007 – 2008 Консултант- советник; Обучувач; 1995 – 2008 Професор по техничко образование ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола;1993 – 2004 Новинар и главен уредник во редакција за култура, наука и уметност Телевизија „Орбис“ – Битола. Член е на Македонското научно друштво Битола.

Објавила повеќе збирки поетски дела како и неколкупрозни остваруваа. Поетски збирки:


  • „Сенки во љубовта” (2015), издавач: Македонско научно друштво – Битола
  • „Исповеди и екстази” (2019), издавач: Македонско научно друштво – Битола
  • „Алхемија на вечната земја” (2020), издавач: Друштво на писатели-Битолски книжевен круг
  • „Confessions and Ecstasies” (2021), издавач: ГрафоПром Битола
  • „Монолози со тебе, дијалози со себе” (2021), издавач: Матица македонска Скопје
  • „Надвор од времето” (2022), издавач: Меѓународна ликовна колонија – Де Ниро, Битола, преведена на шпански и англиски

Прозни дела:

  • „Од приказна до драматизација и театар на сенки: Кокиченце девојченце“ (2020), едукативна книга за деца и наставници, издавач: Друштво на писатели-Битолски книжевен круг,
  • „Самовилата со скршени крилја“ (2022), роман за деца и млади финансиран од Министерство за култура на Македонија наГодишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност за 2022 година.

Покрај своите самостојни дела, застапена е во мноштво домашни и меѓународни зборници, избори и антологии на проза и поезија (Љубовен чардак, Недовршени разговори књижевника, Где Сава љуби Дунав , Пауна, Го љубам животот, Иста пролет за сите, Љубов и вино, Мојот херој, Творечки бранувања, Завештание и др.)


Награди:

  • 2012 Награда за најуспешен директор во основно образование на Битолски весник
  • 2018 Награда од Библиотекарско друштво на Македонија за Библиотека на годината
  • 2019 Награда за збирката „Исповеди и екстази“ Меѓународeн поетски фестивал организиран од Здружение на ромски писатели Белград
  • 2019 Национална награда „Павлина Цунева Маказлиева“ за најдобар библиотекар
  • 2020 Награда „Димитар Димитровски Такец“ Златна плакета за детска книга
  • Награди за поезија на домашни и странски поетски манифестации

Среќен роденден Лили ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …