Оливера Ќорвезироска е родена во Куманово на 29 ноември 1965 година. Основно и средно училиште завршила во Куманово, а Филолошки факултет во Скопје, каде живее и работи. По дипломирањето, таа се вработила во НИП „Нова Македонија“ како лектор. Во 1985 година станала членка на Друштвото на писатели на Македонија.
Делата на Ќорвезироска се преведени на: албански, српски, англиски, француски, турски, чешки, словенечки, полски, руски, унгарски и бугарски јазик. Исто така, таа е застапена во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени во Македонија и во странство.
Ќорвезироска е авторка на следниве дела:
„Трети кат“ (поезија)
„Високите бели“ (поезија)
„Кифличката Мирна“ (роман за деца)
„Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (роман за деца)
„Дедо Миле“ (сликовница, со Глигор Костовски-Гишо)
„Отвораат ли сништата работа“ (критика и есеистика)
„Еден Текст и една жена“ (критика и есеистика)
„Заклученото тело на Лу“ (роман)
„Страдањата на младиот лектор“ (раскази)
„(С)плетени раскази“ (раскази)
„Две перници“ (раскази)
„Новелички без шеќер“ (раскази)
„(Со)шиени раскази“ (раскази)
„Улиците што ги нема“ (раскази)
„Аб’т“ (роман)
„Дедо Миле“ (сликовница, со Владимир Лукаш)
2Престапни години3 (раскази, 2021)
Таа е застапена во околу 20 антологии на современиот македонски расказ, објавени во Македонија и во странство. На пример, три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).
Ќорвезироска е добитничка на неколку награди за нејзините раскази, а во 2003 година, за книгата „(С)плетени раскази“, ја добила наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија – „Стале Попов“.
Среќен роденден Оливера ти посакува редакцијата на Екран.