Денес роденден прославува нашата истакната актерка Соња Михајлова

Соња Михајлова е родена на 14 октомври 1958 година во Битола. Таа е истакната македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Таа во 1983 година, дипломирала на Факултет за драмски уметности – Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски, и истата година се вработила во Народен театар – Битола каде останала сè до нејзиното пензионирање во 2022 година.

Филмографија:


1972 Табакерата ТВ-филм
1982 Јужна патека ТВ-филм
1985 Бушава азбука ТВ-серија
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм
1987 Девојките на Марко ТВ-серија
1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм
1989 Еурека ТВ-серија
1994 Прекалени ТВ-серија
2000 Северо источно од југозапад ТВ-филм
2000 Што сонува кучето ТВ-филм
2007 Сенки ТВ-филм
2008 Збогум Румелија ТВ-серија
2010 Македонски народни приказни ТВ-серија
2013 Тврдокорни ТВ-серија
2014 До балчак ТВ-филм
2015 Лимоната ТВ-филм
2015-2016 Големото прогонство во Кавкасија ТВ-серија
2016 Обожение ТВ-филм
2022 Кајмак ТВ-филм
2024 Црвениот поет ТВ-серија

Добитничка е на бројни награди и признанија:


  • Награда за млад актер на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, Прилеп
  • Награда „Ристо Шишков“ за улогата на Петра фон Кант
  • Награда за најдобро актерско остварување за ликот на Сандра Заум во претставата „Магна карта“, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“
  • Награда за најдобро актерско остварување за ликот Цвета во претставата „Балканот не е мртов“, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп
  • Награда за најдобра женска епизодна улога за ликот Мирса во претставата „Бегалка“, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп
  • Награда „Златна маска“ за најдобра женска улога, за улогата на Голде во претставата „Свирач на покривот“, доделена за време на фестивалот „Охридско лето“
  • Награда за најдобра женска улога за ликот на Каесар во претставата „Јулиј Цезар“ на 17. Фестивал на античка драма „Стоби“.

Среќен роденден Соња ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Настан по повод Светскиот ден на ромскиот јазик

Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, организира настан по повод Светскиот ден на …