Марија Кондовска е родена на 20 јануари 1965 година во Скопје. Таа е позната македонска театарскa, филмскa и телевизискa глумица. Таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на професорот Владимир Милчин. Од 1987 година работи во Драмскиот театар Скопје. Освен на матичната сцена настапува и на театарските сцени низ Македонија. Кондовска е ќерка на македонскиот сликар Димитар Кондовски.
Театрографија:
- Викенд на мртовци од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар – Скопје 1985:
- Душичката — Стапица од Тадеус Ружевич, р. Богдан Хусаковски, Драмски театар – Скопје 1987;
- Бесна — Слободен лов од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар – Скопје 1988;
- Лана — Сказна за времето од Љубиша Ѓоќиќ, р. Љубиша Ѓоќиќ, р. Драмски театар – Скопје 1988;
- Катлин — Долго патување во ноќта од Јуџел Онил, р. Патриша Хамарстром, Драмски театар – Скопје 1988;
- Берта — Татко од Август Стримберг, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар – Скопје 1989;
- Втора ќерка — Медеја од Дане Захц, р. Вито Тауфер, р. Драмски театар – Скопје 1989;
- Ало Будење од Зафир Хаџиманов, р. Коле Ангеловски, Драмски театар – Скопје 1990;
- Лиз — Спасени од Едвард Бонд, р. Кристијан Ристевски, Драмски театар – Скопје 1990;
- Кармен — Балконот од Жан Жене, р. Ивуца Кунчевич, Драмски театар – Скопје 1991;
- Елица — Чернодрински се враќа дома од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар – Скопје 1992;
- Беба — Грев или шприцер од Сашко Насев, р. Димитар Станковски, Драмски театар – Скопје 1992;
- Росаура — Животот е сон од Педро Калдерон, р. Слободан Унковски, Драмски театар – Скопје 1993;
- Трпана — Харем од Сашко Насев, р. Димитар Станковски, Драмски театар – Скопје 1994;
- Оља — Маратонците го трчаат почесниот круг од Душан Ковачевиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар – Скопје 1994;
- Ни ќар ни зијан од Братислав Димитров, р. Димитар Станковски, Драмски театар – Скопје 1996;
- Елена — Вујко Вања од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар – Скопје 1997;
- Бела — Словенски ковчег од Венко Андоновски, р. Димитар Станковски, Драмски театар – Скопје 1998;
- Александра — Платонов од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар – Скопје 1999;
- Смерадилна — Арлекин слуга на двајца господари од Карло Голдони, р. Коле Ангеловски, Драмски театар – Скопје 1999;
- Тереза — Мефисто од Клаус Ман, р. Коле Ангеловски, Драмски театар – Скопје 2000;
- Хиполита — Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир, р. Димитар Станковски, Драмски театар – Скопје 2001;
- Олга — Три сестри од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар – Скопје 2004;
- Касилда — Што ги тера жените да трчаат ноќе по улиците на Мадрид од Педро Калдерон, р. Коле Ангеловски, Драмски театар – Скопје 2004;
- Мравката — Како се станува цар од Афродита Кирјаковска, р. Зоја Бузалковска, Драмски театар – Скопје 2004;
- Весела — Нашиот непрежален од Карино Васки, р. Коле Ангеловски, Драмски театар – Скопје 2006
- Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир, р. Коле Ангеловски, Драмски театар – Скопје 2008;
- Фани мани од Реј Куни, р. Коле Ангеловски, Универзална сала – Скопје 2012;
- Селанка — Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, р. Сташа Зуровац, Драмски театар – Скопје 2012;
- Евдокија — Солунски патрдии од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар – Скопје 2013;
- Берта — Стјуардеси од Марк Камолети, р. Синиша Ефтимов, Театар Комедија 2013;
- Верче — Чија си од Сашко Насев, р. Љупчо Ѓоргиевски, Драмски театар – Скопје 2013;
- Злата — Живот во тесни чевли од Душан Радовиќ, р. Ненад Витанов, Драмски театар – Скопје 2014;
- Молба до господ од Коле Ангеловски, р. Коле Ангеловски, Народен театар Антон Панов Струмица 2015;
- Жена ми се вика Борис од Рафи Шарт, р. Синиша Ефтимов, Театар Комедија 2017;
- Секс таблетки
- Секретарката — Ничија земја од Данис Тановиќ, р. Александар Морфов, Македонски народен театар 2018;
- Како да се ограби банка од Сами Фејд, р. Иван Манасковски, Драмски театар – Скопје 2018;
- Птица со главата меѓу нозе од Коле Ангеловски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар – Скопје 2021;
- Марија Антоновна — Ревизор Николај Василевич, р. Андреј Цветановски, Театар Комедија 2023;
Филмографија:
- 1988 Втора смена ТВ-серија Воспитувачката
- 1988 Викенд на мртовци Ана
- 1991 Стрес или погрешна нота ТВ-филм Милица
- 1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија Роги
- 1997 Вујко Вања ТВ-филм Елена
- 2002 Наше маало ТВ-серија Инструкторка
- 2003 Време за плачење Маки
- 2003 Лото, лото ТВ-серија
- 2004 Неверство во зимска ноќ
- 2005 Седмица лото или смрт
- 2005 Обични луѓе ТВ-серија Евдокија
- 2006 Пусто турско ТВ-филм Тодорка
- 2007 Превртено ТВ-филм
- 2007 Стапица ТВ-филм Мајката на Соња
- 2008 Куќен совет ТВ-филм Мариче
- 2009 Седумка, љубов или смрт ТВ-филм Мара
- 2012 Македонски приказни ТВ-серија
- 2014-2015 Македонски стари приказни ТВ-серија
- 2015-2021 5+ фамилија ТВ-серија Тетка Душка
- 2016 Џган ТВ-филм Магдалена
- 2016 Црвената соба ТВ-филм Лили
- 2016-2018 Преспав ТВ-серија Сестра
- 2016 Среќа во вреќа ТВ-серија Милка
- 2017 Ах, љубов моја ТВ-серија Госпоѓа Трпкова
- 2019 Дедо и внук ТВ-серија Вера
- 2019 Фамилија Марковски ТВ-серија Мајката на Александар
- 2022 Тајниот изум ТВ-филм Душка
- 2022-2023 Бистра вода ТВ-серија
- 2024 Преспав ТВ-серија Маринела
Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и и го честита роденденот на Марија Кондовска.