Снежана Конеска – Руси e родена на 8 декември 1952 година во Ниш, Србија. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на ВМШ (Факултетот за драмски уметности, Скопје), на отсекот за актерска игра, во класата на професорите Владимир Милчин и Љубиша Георгиевски, во 1975 г. Од 1978 г. работи во Македонски народен театар – Скопје. Од 1999 до 2001 г. е специјализант на режија на НАТФИЗ, во Софија, на пантомима и кореодрама, во класата на Александар Илиев.
Театрографија:
- Најкратки драми на светот, 2019), разни автори, режисер: Трајче Ѓоргиев, продукција: Македонски народен театар;
- Пламенка (Прекината одисеја, 2016), автор: Роберт Урбањски, режисер: Јацег Гломб, продукција: Македонски народен театар;
- Пелагеја Антоновна/Софија Павловна (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
- Хор (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
- Кралицата (Самовилско јајце, 2011), автор: Исидора Данкан, режисер: Снежана Коневски – Руси, продукција: Македонски народен театар;
- Љубов Андреевна (Вишновата градина, 2010), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Трајче Ѓоргиев, продукција: Македонски народен театар;
- Лисјена Хомендис де Хистангва (Болва в уво, 2007), автор: Жорж Фејдо, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Старица (Жени во народното собрание, 2004), автор: Аристофан, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
- Мајката (Сцени од животот, 2004), автор: Овен мек Коферти, режисер: Филип Ле Моан, продукција: Македонски народен театар;
- Г-ѓа Робинсон (Дипломец, 2004), автор: Чарлс Веб; режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
- Г-ѓа Рисе (Дед лајн, 2003), автор: Ги Фоаси, режисер: Александар Илиев, продукција: Македонски народен театар;
- Бугарката (Писание, 2002), автор: Живко Чинго: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Баба Добрила (Павилјони, 2001), автор: Милена Марковиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Марија (Песочна сложувалка, 1999), автор: Јана Добрева, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар;
- Крчмарката (Носорог, 1999), автор: Ежен Јонеско, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
- (Еригон, 1999), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
- Трагичарката (Т… љубов моја, 1998) (авторски проект), автор: Валериј Петров, продукција: Македонски народен театар;
- Бугарката (Жаби, 1998), автор: Аристофан, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Директорката Јасна (Мелница, 1996), автор: Митко Маџунков, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Сестра Ана (Бунт во домот за старци, 1994), автор: Венко Андоновски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Хекуба (Хекуба, 1994), автор: Ерипид, режисер: Стојан Стојановски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, Велес;
- Спировица (Народен пратеник, 1993), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитар Османли, продукција: Македонски народен театар;
- Соланж (Слугинки, 1993), автор: Жан Жене, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар – Скопје;
- Мумијата (Соната на сеништата, 1992), автор: Август Стриндберг, режисер: Стојан Стојановски, продукција: Македонски народен театар;
- Клодина (Жорж Данден, 1992), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Индијанката Дакота Кид (Беше тоа на дивиот запад, 1992), автор: Драгана Бошковиќ, режисер: Димитрие Осмали, продукција: Театарот за деца и млади – Скопје;
- Гона (Големиот Чичко, 1992), автор: Васе Манчев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Народен театар – Штип;
- Шашле од Зашле (Кралот Кускуле први, 1991), автор: Васил Пујовски, режисер: Душан Наумовски, продукција: Театарот за деца и млади – Скопје;
- Нела (Крајот на играта, 1991), автор: Семјуел Бекет, режисер: Горан Тренчовски, продукција: Македонски народен театар;
- Ромката (Зора на истокот, 1991), автор: Горан Михиќ, режисер: Душко Наумовски, продукција: Македонски народен театар;
- Маргарита (Ричард III, 1990), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Рахим Бурхан, продукција: Македонски народен театар;
- Нина (Галеб, 1990), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Лоби (Посета на старата дама, 1990), автор и режисер: Афродита Кирјаковска, продукција: Македонски народен театар;
- Гусарот (Вртимушка, 1990), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Иванка (Црвенкапа, 1990), автор: Александар Поповиќ, режисер: Димитар Христов, продукција: Театарот за деца и млади – Скопје;
- Девојката (Пуста земја, 1989), автор: Митко Маџунков, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Народен театар „Антон Панов“ – Струмица;
- Метресата (Забуни, 1989), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
- Сара (рави, 1989), автор: Синиша Ковачевиќ, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
- Принцезата (Рекламна бајка, 1989), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар;
- Девојката (Антица, 1988), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Цвета (Црна дупка, 1988), автор:Горан Стефановски, режисер: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар;
- Смилка (Револуционер, 1988), автор: Братислав Димитров, режисер: Ацо Алексов, продукција: Народен театар „Антон Панов“ – Струмица;
- Антонија (Дон Кихот, 1987), автор: Михаил Булгаков, режисер: Златко Свибен, продукција: Македонски народен театар;
- Невестата (Малограѓанска свадба, 1986), автор: Бертолд Брехт, режисер: Владимир Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
- Љубимката (Големиот брилијантен валцер, 1986), автор: Драго Јанчар, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- (Рамна земја, 1985), автор: Ташко Георгиевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Мери, ангорската мачка (Воена тајна, 1984), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Душко Наумовски, продукција: Македонски народен театар;
- Селина (Слободни врски, 1984), автор: Мајкл Велер, режисер: Ајвин Луис, продукција: Македонски народен театар;
- Нале (Среќна нова ’49, 1984), автор: Гордан Михиќ, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;
- Шулко (Кршалнига, 1983), автор: Васе Манчев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Ходел/Хава, мјузиклот (Свирач на покрив, 1983), автор: Џери Бок, режисер: Владо Штефанчиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Пенка (Макавејските празници, 1983), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- (Јулиј Цезар, 1982), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
- Лусил (Граѓанинот благородник, 1982), автор: Жан Батиста Молиер, режисер: Димитар Христов, продукција: Македонски народен театар;
- (Пафтен појас, 1981), автор: Миле Поповски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Ирина (Лов на диви пајки, 1979), автор: Александар Вампилов, режисер: Александар Дунаев, продукција: Македонски народен театар;
- Агафја Тихоновна (Женидба, 1979), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Ана Комнена (Алексијада, 1978), автор: Богомил Ѓузел, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Стојанка (Чорбаџи Теодос, 1978), автор: Васил Иљоски, режисер: Ацо Алексов, продукција: Македонски народен театар;
- Данка (Скок преку кожа, 1978), автор: Томе Арсовски, режисер: Ѓорѓи Трајанов, продукција: Народен театар – Штип;
- Слепата девојка (Крчма под зеленото дрво, 1977), автор: Петар Ковачевиќ, режисер: Владимир Стрниско, продукција: Македонски народен театар;
- Благовеста (Студенти, 1977), автор: Бранко Пендовски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- (Отепвачка, 1976), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Царот (Андрокле и лавот, 1976), автор: Џорџ Бернард Шо, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар;
- (Агамемнон и Електра, 1976), автор: Есхил и Софокле, режија: Димитар Христов , продукција: Народен театар – Битола;
- (Славата и смртта на Хоакин Муриета, 1975), автор: Пабло Неруда, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- (Хемиските потписи на човечките организми во воздухот, 1975), режисер и адаптација: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- (Шинел, 1975), автор: Ниголај Василевич Гогољ, режисер: Никола Аслимовски, продукција: Македонски народен театар;
- Ана (Ана Франк, 1975), автор: Ф. Алберт, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар;
- Наде (Потоп, 1974), автор: Бранко Пендовски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Таа (Димна Јуда, град градила, 1974), автор: Душко Наневски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар;
- Босилка Кочоска (Ѕидот, водата, 1973), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Фриц фон Калб, Хенри Гонтард, Христијане, Лоте Цимер (Хелдерлин), автор: Петар Вајс, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- „Војникот фалбаџија“- НТ Куманово.
Филмографија:
- 1973 Залез зад езерската земја ТВ-серија
- 1975 Прва вечер ТВ-филм
- 1980 Учителот ТВ-филм
- 1983 Премиера ТВ-филм
- 1985 Од зад грб ТВ-филм
- 1987 За трошка среќа ТВ-филм
- 1989-1992 Тврдокорни ТВ-серија
- 1990-1991 Еурека ТВ-серија
- 1991-1992 Македонски народни приказни
- 1993 Дајте музика ТВ-серија
- 1997 Џипси меџик ТВ-филм
- 2000 Погрешно време ТВ-серија
- 2000 Големи и мали ТВ-серија
- 2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
- 2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
- 2002 Звукот на светлината ТВ-филм
- 2002 Наше маало ТВ-серија
- 2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-серија
- 2007-2010 Народни приказни ТВ-серија
- 2008 Куќен совет ТВ-серија
- 2011 Трето па машко ТВ-серија
- 2015 Македонски народни приказни ТВ-серија
- 2016 Вистинска љубов ТВ-филм
- 2016-2017 Македонски приказни ТВ-серија
- 2019-2021 Дајте музика ТВ-серија
- 2022-2023 Бистра вода ТВ-серија
Режии, проекти и реализации:
- 2013 г. – Европски ден на Еврејската култура во РМ „Јудаизмот – аманет на природата“ (текст, режија, актер);
- 2013 г. – „Бледица“– проект во Народниот театар во Струмица, како гостин актер, режисер;
- 2013 г. – одбележани 40 години уметничко творење со претставата „Вишник“ од Антон Павлович Чехов, режисер: Трајче Ѓоргиев, во рамките на Скопско културно лето;
- 2012-13 г.- новогодишен проект во МНТ (текст и режија) под наслов „Тимоти Твидл“ – првиот помошник на Дедо Мраз;
- 2012 г. – проект во основните училишта на општина Карпош, сценарист и режисер „Наши години“ (македонско народно творештво-Цепенков);
- 2012 г. – двојазичен проект на Црвен крст на општините Центар и Гази Баба, „Погодете кој доаѓа на вечера“– сценарист, режисер и актер;
- 2012 г. – „12 божиќни денови“, новогодишен проект за децата со посебни потреби под покровителство на Црвен крст и МНТ- сценарист, режисер и актер;
- 2011-12 г. – МНТ – текст и режија на театарска новогодишна претстава „Новогодишен сон“;
- 2011-13 г. – проект „Македонија наш дом“, мултикултурна манифестација под покровителство на АОПЗ и ОБСЕ (водител);
- 2011 г. – режисер на проектот во основните училишта на општина Карпош – „Заедно“;
- 2011 г. – проект „Мрежа за мултикултурно општество во РМ“ – носител Црногорската заедница во РМ, под наслов „Да живееме еден со друг, не еден покрај друг“, сценарист и режисер;
- 2011 – текст и режија на претстава за деца во МНТ „Самовилско јајце“, со што и официјално е отворена детската сцена во МНТ;
- 2011-12 г. – новогодишен проект на МНТ и Универзална сала, „Дедо Мраз на Марс“ (текст и режија);
- 2008 г. – 10 години од МОЗАИК програма на двојазични групи во градинки во РМ под покровителство на НВО „Потрага по заедничка основа“ – сценарио и режија;
- 2007-2013 г. кастинг-директор на ТВ-програма за деца во регионот на Југоисточна Европа – на каналот Минимакс, надсинхронизација на анимирани филмови за деца и млади; надсинхронизација на филмови на македонски јазик: „Гумениот Тарзан“, „Десперо“, „Штрумфови 2“ во Синеплекс;
- 2007 г. – ЕВРОПСКИ ДЕН на Еврејската култура во Македонија, театарски проект – сценарио, режија и актер-водител – Куршумли ан;
- 2006 г. – сценарист, режисер и актер во новогодишниот проект на МНТ и МКЦ „Божиќен колач на пријателството“ – претстава;
- 2000–04 г. – уметнички раководител на Драмата на МНТ, период искористен за поинтензивна соработка на двете институции МНТ и МРТВ (огледан преку снимање на сиот репертоар на претставите на МНТ, снимање рекламни ТВ-спотови за наше маркетиншко покривање, подготовка на специјални емисии за нашите активности (премиери, гостувања, фестивали);
- Режисер – регионален проект – „Волшамба“, автор: Трајче Кацаров, поддржан од ФАРЕ програмата на Министерство за култура на РМ, на македонски, албански, турски и ромски јазик;
- Асистент режисер на „Цар Самуил“ во Операта на МНТ;
- Асистент режисер на „Жени во народното собрание“ во Драмата на МНТ, 2004 г.;
- Режисер – Свечено отворање на Мајските оперски вечери – за животот и делото на Верди.
Останато:
- Од 1963 до 1964 г. е редовен член на Детската радиодрама во РТС под раководство на Славица Тодорова, како и режисерите: Спасе Нелов, Миодраг Шаурек и Благоја Андреев со кои се реализираат многу детски радио и ТВ емисии од едукативен, забавен карактер: „Приказни од лулето“, „Добра ноќ деца“, „Пссст, Крстословка“; утрински емисии, „Весела вртешка“, многу радиодрами и др.;
- Од 1972 до 1973 г. е вработена во РТС како спикер-водител во секторот за говорно-уметничка изведба на програмата и заедно со најстарите спикери Оливера Попанкова и Иван Антонов, како и со целата тогашна гарнитура: Попов, Саздов, Беличанец, како директни партнери, и Велкова, Апостолова и др. врши опслуга на сите емисии на првата и втора програма на Македонското радио (вести, утрински, пладневен и вечерен радиовесник, како и друг тип емисии од музички, забавен и водителски карактер);
- Творец е на голем број проекти за деца (од предучилишна и училишна возраст), поводни програми со Детскиот културен центар — Карпош, со Универзалната сала, Дирекција за култура, КИЦ (Салон 19, 19);
- Соработка со МРТВ, пред сè во програмата за деца и млади, во креирање и изведување на многу емисии и серии: „Најпознатите бајки на светот“, „Дајте музика“, „Големи и мали“;
- Синхронизација на цртани филмови и ТВ проекти, образовни и контактни емисии и сл.;
- Сценарист и водител на детски музички фестивали: „Златно славејче“, Скопје, „Пинокио“, Кочани, „Калинка“, Гевгелија;
- Долгогодишен соработник на ФААТ, па ДАФ, Кочани: како селектор, член на жири-комисија и уметнички директор;
- Основач и раководител на ДД Студио (при Градското собрание, подоцна при ДКЦ „Карпош“);
- Реализатор на специјални програми на НВО потпомогнати од Центарот за мултикултурно разбирање и соработка и „Потрага по заедничка основа“ – спотови, емисии за културно разбирање и толеранција, како и мјузиклот „Заедно“ на македонски, албански, турски и ромски јазик, поддржан од ФАРЕ програмата на Комисијата за култура.
Награди:
- 1974: Награда доделена од весникот „Млад борец“, за успешен млад актер за улогата на ликот Девојката во претставата „Димна Јуда, град градила“ и за монодрамата „Ана Франк“
- 1976: Награда за епизода за улогата на Слепата девојка во „Крчма под зеленото дрво“ на ТИ „Војдан Чернодрински“
- 1991: Најдобро глумечко остварување за ликот Маргарита во „Ричард Трети“ на ТИ „Војдан Чернодрински“
- 1992: Добитник на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје
- 2019: Награда за животно дело „11 Октомври“
Среќен роденден Снежана ти посакува редакцијата на Екран.