Гордана Ендровска е родена на 2 септември 1972 година во Битола. Таа е македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Гордана Ендровска дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1997 година во класата на професорот Владимир Милчин, со дипломската претстава „Старицата и поетот“ од Јукио Мишима. Од 2000 година работи во Драмскиот театар во Скопје.
Театрографија:
Емелин (Мефисто, 2000); Гоце гладник (Сон на летната ноќ, 2001); Маре (Тетовирани души, 2001); Жената (Последниот маж, последната жена, 2001); Маргарет (Војцек, 2002); Првата старица (Падот на невиноста, 2002); Втората пчелка (Како се станува цар, 2003); Марисол (Марисол, 2004); Анѓа (Хамлет од Долно Гаштани, 2004); Дон Карлос (Дон Жуан, 2005); Член на хорот курви (Купидона, 2005); Велика (Ладало, 2006); Актер (Сите лица на Петре М.Андреевски, 2008); Хиполита (Сон на летната ноќ, 2008); Мари (Маркиза, 2009); Ангелот/ Емили (Ангели во Америка, 2009); Солунка (Македонска крвава свадба, 2012); Слугинката Лили (Генетика на кучињата, 2012); Ифигенија од Црна Гора (Архелаос или Еврипид се вракќа дома, 2012); Кир Таки (Солунски патрдии, 2013); Малина (Еригон, 2015).
Филмографија:
Стрес или погрешна нота (1991); Јас сум од Титов Велес (2008), Македонски народни приказни (2009), Турни ме да Кинисам ТВ-серија (2011), Приказни од животот ТВ-серија (2014), Македонски народни приказни ТВ-серија (2014-2016), Операција дијамант ТВ-серија (2016), 5+ фамилија ТВ-серија (2017), Неомски срца ТВ-филм (2019), Мими ТВ-филм (2022), Кајмак ТВ-филм (2022), Македонски народни приказни ТВ-серија (2022-2023), Бистра вода ТВ-серија (2022-2023), Утре Наутро ТВ-серија (2024).
Среќен роденден Гордана ти посакува редакцијата на Екран.