Денес роденден прославува нашата истакната актерка Бедија Беговска

Бедија Беговска е родена на 22 јануари 1951 година во Скопје. Таа е истакната македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Од 1971 година, таа работела во Театарот на народностите – Скопје (сега го носи називот Турски театар – Скопје). Пишувала драмски текстови за деца.


Беговска ги остварила филмските улоги:

  • 1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм
  • 1979 Курирот на Гоце ТВ-серија Усева
  • 1982 Илинден ТВ-серија
  • 1986 Климент Охридски ТВ-филм
  • 1987 Трст виа Скопје ТВ-серија
  • 1993 Македонска сага ТВ-филм Мајката на Џемиле
  • 1993 Македонски народни приказни ТВ-серија
  • 1997 Преку езерото ТВ-филм Лефтелија
  • 2002 Наше маало ТВ-серија Продавачката на цвеќе
  • 2005 Контакт ТВ-филм Мајката на Жана
  • 2006 Мост ТВ-филм Темјана
  • 2007-2009 Збогум Румелија ТВ-серија Бедија Ханим
  • 2010-2013 Македонски народни приказни ТВ-серија Свекрвата
  • 2012 Минатото лето на Балканот ТВ-серија Сузан
  • 2012 Трето полувреме ТВ-филм Ребека
  • 2015 Лимоната ТВ-филм Мајката на Сакир
  • 2015 Мутлу оп Јетер ТВ-серија Рона
  • 2017 На терапија ТВ-серија др. Вера Арсич
  • 2018 Преспав ТВ-серија Хелга
  • 2020 Горчлива цреша ТВ-филм Мајката
  • 2020 Те дуа, жими мене ТВ-филм Јаска
  • 2021-2024 Преспав ТВ-серија Хелга
  • 2022-2023 Балканска приказна ТВ-серија Нина

Награди:


  • Награда за најдобра женска улога за улогата на ликот Круша во „Кавкаски круг со креда“, доделена од страна на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп (1989)
  • Награда за најдобра женска улога за улогата на ликот Серап во „Стари фотографии“, доделена од страна на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп (1992)
  • Награда за најдобра женска улога за улогата ликот Ќосем Султан во „Лудиот Ибрахим“, доделена од страна на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп (1999)
  • Награда за најдобра женска улога за улогата на ликот Ќосем Султан во „Лудиот Ибрахим“, доделена од страна на МЕС Сараево (2000)
  • Награда „11 Октомври“ (2021)
  • Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (2022)
  • Орден за заслуги за Македонија (2024)

Среќен роденден Бедија ти посакува редакцијата на Екран.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …