Ани Малинкова е родена на 17 септември 1973 година во Кавадарци. Таа е позната македонска фолк пејачка.
Малинкова почнува да се занимава со музика во 1994 година. Првото фестивалско учество и е во: 1995 година каде настапува на Фестивалот „Фолк Фест Валандово”. Има настапувано на речиси сите фестивали во Македонија: Фолк Фест Валандово, Цветници, Гоце Фест, Фолк Фест Роса, Филиграни, Лешочки Фолк Фест и други.
Таа е препознатлива по изведбата на нејзиниот голем хит: „Со тебе, без тебе” и изведбата на „Ајде да бегаме мори Васе”. Ја има изведено и песната “Ми заплакало селото Ваташа” во Емисија “Зајди Зајди” во 2014 година. Покрај овие песни други нејзини авторски песни се: “Само тебе те сакам знај”, “Ако те изгубам”, “Душа ледена”, “Каква е љубовта” и други. Има издадено и неколгу албуми со нејзини авторски песни и стари македонски песни.
Среќен роденден Ани ти посакува редакцијата на Екран.