Денес роденден прославува нашата актерка Јасмина Поповска

Јасмина Поповска е родена на 14 јули 1959 година. Таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на професорите Тодорка Кондова-Зафировска и Слободан Унковски во 1984 година. Веднаш по дипломирањето се вработува во Македонски народен театар – Скопје.

Театрографија:


  • Амелија — „Погрижи се за Амелија“ од Жорж Фејдо, р. Коле Ангеловски, МНТ, 1984;
  • Мирандолина — „Мирандолина“ од Карло Голдони, р. Вукан Диневски, МНТ, 1985;
  • Ангелина — „Рамна земја“ од Ташко Георгиевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1985;
  • Гуштерица — „Гуштерица“ од Александар Володин, р. Евгениј Лазаров, МНТ, 1986;
  • Ружа — „Тетовирани души“ Од Горан Стефановски, р. Богдан Поп Ѓорчев, НТ Штип, 1986;
  • Емилија/Маја — „Баал“ од Бертолт Брехт, р. Владимир Милчин, МНТ, 1987;
  • Мица — „Мрестење на краповите“ од Александар Поповиќ, р. Ацо Алексов, МНТ, 1987;
  • Мира — „Кал“ од Марија Ирене Форнес, р. Наум Пановски, МНТ, 1988;
  • „Црна дупка“ од Горан Стефановски, р. Паоло Маџели, МНТ, 1988;
  • Елианта — „Мизантроп“ од Жан Батист Молиер, р. Владимир Милчин, МНТ, 1989;
  • Анжелика — „Жорж Данден“ од Жан Батист Молиер, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1992;
  • Девојката — „Соната на сеништата“ од Август Стриндберг, р. Стојан Стојаноски, МНТ, 1992;
  • Ана — „Буре барут“ од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1994;
  • Цвета — „МКС“ од Војдан Чернодрински, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1995;
  • Хелена — „Обѕирни се во гнев“ од Џон Озборн, р. Васил Христов, МНТ, 1995;
  • Сузана — „Кројач за дами“, од Жорж Фејдо, р. Димитрие Османли, МНТ, 1996;
  • Болничарка — „Мара/Сад“ од Петер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008;
  • „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010;
  • „Мојот човек“ од Мирјана Ојданиќ, р. Катерина Коцевска, МНТ, 2012;
  • Хор — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013.

Филмографија:

  • Лејла — „Марика лета со авион“, р. Борис Дамовски, ТВ-филм, 1988;
  • Мира — „Северна грешка“, р. Борис Дамовски, ТВ-филм, 1990;
  • “Остани исправен”, р. Кристијан Ристески, ТВ-филм 2005.

ТВ серии:


  • Перуника (Од денес за утре, 2010)
  • (Македонски народни приказни, 1986 – 89)
  • (Случки од животот, 1987).

Награди:

  • Награда за најдобар млад глумец на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп;
  • Награда на ревијата „Екран“ за најдобар млад глумец за улогата на Емилија во претставата „Баал“, 1988;
  • Признание на ТВ-филмскиот фестивал во Берлин.

Среќен роденден Јасмина ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат актер Лазе Манасковски

Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 година. Тој е истакнат македонски театарски, филмски …