Драгана Левенска е родена на 3 јули 1985 година во Скопје. Дипломирала на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, на отсекот Глумечка игра во 2014 година, а од истата година, таа се вработила во Македонскиот народен театар.
Театрографија:
- Лоранс (Лагата, 2022), автор: Флоријан Зелер, режисер: Бесфорт Идризи, продукција: Македонски народен театар;
- Актерка (Говорна мана, 2017), автор: Горан Марковиќ, режисер: Драгана Милошевска-Попова, продукција: Македонски народен театар;
- Робинката од прстенот, Леонора (Авантурите на Аладин, 2017), адаптација, драматизација и режија: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;
- Слугинката (Соларис, 2016), автор: Станислав Лем, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
- (Жени од подземјето, 2016), автор: Станислав Лем, режисер: Андреј Цветановски, продукција: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“- Велес;
- Зинка (Животот е прекрасен, 2015), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
- Стујардеса и жената (Тероризам, 2015), автори: Владимир и Олег Пресњаков, режисер: Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар;
- Урсула (Многу вревеа за ништо, 2014), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Театар Комедија – Скопје;
- Госпоѓа Ортанз (Женски оркестар, 2014), автор: Жан Ануј, режисер: Ѓорѓи Ризески, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Деспина Поплавска/Хор (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
- Mејбл (Вејка на ветрот, 2013), автор: Коле Чашуле, режисер: Ирена Стеријовска, продукција: Театар Фабрика – Скопје;
- (Вртелешка, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Иван Манасковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Евушка (Генетика на кучињата, 2012), автор: Венко Андоновски, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Учителката по англиски јазик (Госпоѓа Министерка, 2009), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар.
Филмографија:
- (Човекот кој не беше таму, кратокометражен филм, 2017), режисер: Гоце Цветановски;
- Првата девојката (Човекот кој не сакаше да умре, кратокометражен анимиран филм, 2015), режисер: Гоце Цветановски;
- Ленче (Медена ноќ, 2015), режисер: Иво Трајков;
- Виолета (Лавиринт, кратокометражен филм, 2014), режисер: Ана Јакимска, Бранко Костески;
- Марија (Мал дисконтинуитет во времепросторот, 2014), режисер: Гоце Цветановски;
- (Намини бар еднаш, кратокометражен филм, 2013), режисер: Косара Матиќ;
- Ева (Искушените, кратокометражен филм), режисер: Василка Аврамовска.
ТВ – серии:
- Мери(Тин камп, ТВ серија, 2022), режисер: Марко Ѓоковиќ;
- Благородна (Преспав – 5-та сезона, 11-та епизода ТВ серија, 2021), продукција: ОХО;
- Учество во детската ТВ серија 5+ Фамилија, 2014, продукција: ОХО;
Среќен роденден Драгана, ти посакува редакцијата на Екран.