Денес роденден прославува фудбалерот Дарко Чурлинов

Дарко Чурлинов е роден на 11 јули 2000 година во Скопје. Тој е македонски професионален фудбалер, репрезентативец, кој игра на позицијата крило.

Чурлинов почнал да игра фудбал во ФК Форца. До својата 14-та година помина низ младинските редови на ФК Работнички и ФК Вардар. Тој се пресели во Германија и се приклучи на младинската постава на Ханза Росток, каде што во младинските селекции веќе настапуваше неговиот пријател и колега македонскиот фудбалер Димитар Митровски. Митровски побарал од клупските челници да го ангажираат Чурлинов бидејќи би сакал да има соиграч од Македонија. Младинската кариера ја завршил во ФК Келн.


Чурлинов играл за вториот тим на ФК Келн пред да биде промовиран во првиот тим, каде што го имаше своето деби на 17 август 2019 година против Волфсбург. Тој остана на клупата до крајот на неговиот престој во Келн.

На 8 јануари 2020 година, Чурлинов станал член на ФК Штутгарт. Тој го направи своето деби во Штутгарт на 22 февруари 2020 година против ФК Јан Регенсбург. Тој се појавуваше првенствено како замена во текот на неговата кариера во Штутгарт.


На 18 август 2021 година, Чурлинов му се приклучил на Шалке 04 на позајмица до крајот на сезоната. Тој го направи своето деби со Шалке 04 на 21 август 2021 година.

На 19 август 2022 година, Чурлинов му се придружил на Барнли. Тој го имаше своето деби во Барнли следниот ден против Блекпул. На 23 јануари 2024 година, Чурлинов се вратил на позајмица во Шалке 04. На 21 мај 2024 година, Барнли соопшти дека Чурлинов ќе се врати по завршувањето на позајмицата.


На 28 март 2017 година, на возраст од 16 години и 8 месеци, Чурлинов дебитирал за фудбалската репрезентација на Македонија на пријателскиот натпревар со Белорусија, и со тоа станал најмладиот играч кој настапувал за фудбалската репрезентација на Македонија. Својот прв интернационален гол го постигнал на 4 јуни 2021 година, на пријателскиот натпревар против Казахстан.

Среќен роденден Дарко ти посакува редакцијата на Екран.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …