Денес роденден прославува актерот Самоил Стојановски

Самоил Стојановски е роден на 3 ноември 1970 година во Скопје. Тој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Дипломира во 1997 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Вработен е во Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес од 2003 година.

Најзначајни улоги и претстави:


Огнен Комита „Будење“, Пјер Гренгоар – „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“; Пјетров – „Четвртата сестра“; Пилад – „Орест“; Блепир – „Жени во народното собрание“; Чорбаџи Миладин / Виќа – „Сомнително лице“; Лени – „Враќање“; Окле – „Железно пиле“, Пирајхме, Пирај – „Дом за птици“; Третиот граѓанин – „Да се заборави Херострат“, Лаерт – „Х-Хамлет“; Посејдон, Свештеникот – „Птици“; Киријас – „Џинот, учителот“; Слендер – „Веселите жени од Виндзор“; Мажот, Првиот маж – „Тероризам“; Актерот – „Баханалии“; Анѓело – „Злосторство на островот на козите“; Доктор Фалус – „ММЕ кој прв почна“; Дидло, Триќе – „Онегин“; Непознатиот – „Шашардисани времиња“; Гускарот/Принцот – „Принцезата и Гускарот“; Кртовица – „Последниот Балкански вампир“; Глостер – „Крал Лир“; Клеант – „Тартиф“; Ецо – „Најважната работа на светот“; Службеникот на наплатна, Железничарот, Писателот на драмата – „Приказни од шестиот кат“; Управникот – „Класен непријател“; Симон – „Добрата надеж“; Грофот Теодор, Волшебникот – „Мачорот во чизми“; Никифор Брениј – „Ана Комнена“; Др. Роберт – „Синиот портокал; Стримидор – „Лисистрата“; Стефан стариот – „Елешник“.

Филмографија:


1987-1990 Трст виа Скопје ТВ-серија
2000 Погрешно време ТВ-серија
2002 Вампирџија ТВ-филм
2002 Крајот на играта ТВ-филм
2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм
2011 Ова не е американски филм ТВ-филм
2013 Старо купуем ТВ-филм
2014 Приказни од животот ТВ-серија
2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм
2016 Преспав ТВ-серија
2017 Македонски народни приказни ТВ-серија
2024 Црвениот поет ТВ-серија

Среќен роденден Самоил ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јод“ – новиот роман од Снежана Младеновска Анѓелков наскоро во издание на Или-Или

Издавачка куќа Или-Или со радост го најавува излегувањето од печат на новиот роман од Снежана …