Денес роденден прославува актерот Александар Ѓорѓиески

Александар Ѓорѓиески е роден на 07 ноември 1987 година во Скопје. Дипломира на Факултетот за аудиовизуелни уметности-ЕСРА, отсек актерска игра во класата на проф. Ѓорѓи Јолевски во 2010 година. Од 2014 година работи во Македонски народен театар – Скопје.

Театрографија:


  • Косих (Иванов, 2023), автор: А. П. Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
  • Клег (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар;
  • (Отело, 2019), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Нина Николиќ, копродукциски проект помеѓу Перипетија продукција, Македонски народен театар и Босанско народно позориште Зеница;
  • Актер во пензија (Без галама, 2018), автор: Мајкл Фрејн, а во колективна адаптација, режисер: Тони Михајловски, копродукција: Македонски народен театар и Брачна игра;
  • Чело, офицерот на босанскиот камп и камерман (Ничија земја, 2017), автори: Данис Тановиќ и Александар Морфов, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
  • Алек (Копање, 2017), автор: Кристијан Винклер, режисер: Франц Фон Штролхен, продукција: Македонски народен театар;
  • Еснафот (Силјан штркот шанца, 2016), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Алексеј Стаканов (Животот е прекрасен, 2016), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
  • Снаут (Соларис, 2016), автор: Станислав Лем, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
  • Церемонијал Мајстор, Началникот Фогарти и Мартин Харисон (Чикаго, 2015), автори: Фред Еб, Боб Фос, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • Вториот маж (Тероризам, 2015), автори: Владимир и Олег Пресњаков, режисер: Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар;
  • Леви Матеј (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Орест (Електра, 2014), автор и режисер: Андри Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
  • Јоко (Да тргнеме Сењор, 2014), автор: Ана Ристоска, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Нероденото дете – Среќата (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Розенкранц, Гилдернстерн, дворјанин (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Теодосиј Велики (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Морис (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Главна улога (Психоза 4.48, 2011), автор: Сара Кејн, режисер: Ѓорѓи Јолевски, копродукција: Театар Квартет и Македонски народен театар;
  • Марсел (Хамлет, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
  • Средниот (Отворено море), автор: Славомир Мрожек, режисер: Андреј Цветановски, Ирена Стеријоска.

Филмографија:

  • Симе (Десет килограми, краткометражен филм, 2021), режисер: Ајден Ислами;
  • Боби (ТМ, игран филм, 2020), режисери: Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов;
  • (Dogs of war, 2018, краткометражен филм), автори и режисери: Пеце Здравковски и Бојан Соклевски;
  • Алек (Копање, 2018), автор: Кристијан Винклер, режисер: Ивица Димитријевиќ;
  • Алек (Перфекционист, 2017, краткометражен филм), автори: Оливера и Александар Андоноски, режисер: Александар Андоноски;
  • Прогонувач (The Case, 2016), режисер: Ивица Димитријевиќ;
  • Црна (Помеѓу, 2013), режисер: Владимир Митревски;
  • Келнерот (Ова не е американски филм, 2011), режисер: Сашо Павловски.

Телевизиски серии:


  • „Народни приказни“, 2010;
  • Мишо Развигоров — „Тврдокорни“, р. Миле Грозданоски, 2014.
  • Спире — “Куќен притвор”, р. Вардан Тозија, 2022.
  • Др. Марковиќ — “Бранител”, р. Гојко Деспотовиќ, 2023.

Награди:

  • Награда „Трајко Чоревски“ за млад актер на 50. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2015 година, за улогата на Орест во претставата „Електра“, а во режија на Андриј Жолдак.

Стекнал способности во: цртање, вајање глина, свирење клавир, гитара и усна хармоника, практикува и капуера (бразилска боречка вештина со специфичен танц и музика). Од 2018 година е вокал на познатиот македонски блуз состав „The Mole Pack“. Составот имаше забележителен настап на неодамна одржаниот фестивал „Андерфест“.


Среќен роденден Александар ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …