Александар Џуровски е роден на 26 август 1948 година во Ресен. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Дипломирал актерска игра во Академијата за театарска уметност во Загреб, Хрватска во 1972 година. Од 1972 година, се до неговото пензионирање во 2013 година, работел во Македонски народен театар во Скопје.
Театрографија:
- Литерат (Мајсторот и Маргарита, 2015), Автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Шигалев (Бесови, 2011), автор: Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Калхант (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Васкез, Криминалец (Бетмен враќањето на црниот витез, 1999), Автор: Кристијан Ристевски и Френк Милер, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Фелдмаршалот (Еригон, 1999), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Полицаецот (Посета на старата дама, 1990), автор: Фридрих Диренмат, режија: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Борењка, по прекар Кршимуцка, медицински брат (Валпургиска ноќ или Чекорите на командорот, 1990), автор: Венедикт Ерофеев, режисер: Владимир Портонов, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Пилат (Рави, 1989), автор: Синиша Ковачевиќ, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Инспектор на училиштата (Ревизор, 1987), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Главатарот (Гуштерица, 1986), автор: Александар Володин, режисер: Евгениј Лазаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Дамис, син на Оргон (Тартиф, 1986), автор: Жан Батист Поклен Молиер, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Града (Среќна нова 1949, 1985), автор: Гордан Михиќ, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Лоренцо Милер (Бог– премиера: 04.1984), автор: Вуди Ален, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Нињел Заболски (Macedonishe zustande (Македонски состојби), 1984), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Перчик (Свирач на покрив, 1983), автор: Џери Бок, режисер: Владо Штефанчиќ, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Чапаев (Макавејските празници, 1983), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Цина (Јулиј Цезар, 1982), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (По претставата – премиера: 11.1981), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (Остен, 1981), автор: Бранко Ставрев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Ѓурѓа (Војна и мир во Груда, 1981), автор: Вељко Радовиќ, режисер: Благота Ераковиќ , продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Славе, бербер (Милион маченици, 1980), автор: Ристо Крле, режисер: Петре Прличко, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Патникот, Жирофле (Кандид, 1980), Автор: Волтер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Келнер (Лов на диви пајки, 1979), автор: Александар Вампилов, режисер: Александар Дунаев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Мартиновиќ (Кенгурски скок, 1979), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (Суд, 1978), автор: Коле Чашуле, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Григорјев (Бесови, 1978), автор: Албер Ками, режисер: Илија Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје (’48, 1977), автор и режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Прислужник од Министерството (Госпоѓа министерка, 1977), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Раскажувачот (Бертолт Брехт пред комитетот за антиамериканска дејност– премиера: 02.1977), автор: Ерик Бентли, режисер: Наум Пановски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Ангеле (Отепвачка, 1976), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Углеша (Пелиново, 1974), автор: Жарко Команин, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Паузанијас, Работник, Жандарм (Хелдерлин, 1973), автор: Петер Вајс, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Пјериќ (Скуп, 1973), автор: Марин Држиќ, режисери: Димитар Ќостаров и Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
Филмографија:
- (Мугра, ТВ филм, 1989), режија: Љупчо Билбиловски
- (Јад, 1975), режија: Кирил Ценевски
- (Кукла, ТВ филм, 1973), режија: Димитрие Османли
ТВ Серии:
- (Македонски стари приказни, 2010)
- (Илинден, 1982)
Добитник е на Награда за улогата на Заболски во претставата „Мацедонише Цуштенде“ на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1984).
Среќен роденден Александар ти посакува редакцијата на Екран.