Денес роденден прославува актерката Трајанка Илиева

Трајанка Илиева-Велиќ е родена на 11 декември 1980 година во Скопје. Таа е македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Илиева во 2006 година дипломирала на Факултетот за Драмски уметности – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а од 2007 година се вработува како глумец во Драмски театар Скопје. Реализира неколку главни и споредни улоги, не само на сцената на матичниот театар, туку и на други театарски сцени во Македонија. Таа е ќерка на познатиот актер Диме Илиев. Во брак е со актерот Дарко Велиќ.


Поважни театарски улоги:

  • Мортиша Адамс – Фамилија Адамс, р. Теа Беговска, ДТС 2024
  • Џеки — Драми на принцезите, р. Жива Бизовичар, ДТС 2024
  • Парови, р. Ивана Ангеловска, ДТС 2024
  • Така зборуваше Гертруда, р. Ангелчо Илиевски, ДТС 2022
  • Чудна случка со кучето во ноќта, р. Зоја Бузалковска, ДТС 2021
  • Мојот маж, р. Нела Витошевиќ, ДТС 2020
  • Лошата кралица – Снежана и седумте џуџуња, р. Димче Николовски, ДТС 2016
  • Капетанот Фокс Џонсон – Капенанот Џон Пиплфокс, р. Коле Ангеловски, ДТС 2014
  • Амелија – Ждрело, р. Зоја Бузалковска, ДТС 2014
  • Кети – Евангелија на глупоста, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 2014
  • Пандора – Солунски патрдии, р. Коле Ангеловски, ДТС 2013
  • Собарката – Вртелешка, р. Андреј Цветановски, ДТС 2012
  • Ифигенија од Турција – Археалос или Еврипит се врача на Балканот, р. Владо Цветановски, ДТС 2012
  • Харпер – Ангели во Америка р. Џарет Џ. Стајн, ДТС 2009
  • Елена – Сон на летната ноќ р. Коле Ангеловски, ДТС 2008
  • Сите лица на Петре М. Андреевски, р. Владо Цветановски, ДТС, 2008Ладало од Карло Годони, р. Коле Ангеловски, ДТС, 2006
  • Ана – Стари времиња од Харолд Пинтер, ФДУ, дипломски испит, 2006
  • Бланш – Трамвајот наречен желба од Тенеси Вилијамс, театарски фестивал „Ристо Шишков“ – Струмица, 2005
  • Клитемнестра – Орестиа од Асхил, МОТ, Скопје, 2005
  • Ана – Златко легна и не сака да стане, ФДУ – Скопје, 2004
  • Нина – Галебот од Чехов, ФДУ – Скопје, 2004

Филмски и ТВ улоги:


  • Џеновева – Ех … пусто турско, р. Коле Ангеловски, 2006;
  • Самовилата – Македонски народни приказни, р. Миле Грозданоски, 2010;
  • Софија – Жици, р. Кирил Каракаш, 2014;
  • Жената – Избор, р. Марко Црногорски, 2024.

Среќен роденден Таци, ти посакува редакцијата на Екран.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

После пауза од 6 години на сцената на Народниот Театар во Битола повторно ќе биде поставена хит претставата „Кокошка”

По успешното враќање на репертоарот на НУ Народен Театар Битола на претставата “Сомнително лице” на …