Драгана Костадиновска е родена на 10 декември 1983 година во Скопје. Таа е македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Кирил Ристоски и Зоја Бузалковска во 2006 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 2008 година.
Театрографија:
- Ана Петровна (Иванов, 2023), автор: А. П. Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
- Лекарка (Сите сме птици, 2022), автор: Важди Муавад, режисер: Слободан Унковски, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
- Петра фон Кант (Горчливите солзи на Петра фон Кант, 2022), автор: Рајнер Вернер Фасбиндер, режисер:Ивица Димитријевиќ, копродукциски проект меѓу РСМ НУ Македонски народен театар и МИ Филм – Скопје;
- (Работи за кои не зборуваме, 2021), според вистински приказни, режисер: Нела Витошевиќ, во копродукција на Wonderland Theatre и МНТ;
- (Илузии, 2020),според мотиви од истоимената драма на најпознатиот современ руски писател Иван Вирипаев, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Wonderland Theatre;
- Леди Макбет (Макбет, 2019), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Вероник (Бог на масакрот, 2018), автор: Јасмина Реза, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Народен театар „Ацо Шопов“ – Штип;·
- Маргарита (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;·
- Ќерката (Да тргнеме Сењор, 2014), автор: Ана Ристоска, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Македонски народен театар;·
- (5:17, 2013), автор: Ана Ристоска, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Вондерленд театар;·
- Естреа Бенвениста (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
- Луј XIV (Животот на Молиер, 2012), автор: Михаил Булгаков, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
- Лиза Дроздова (Бесови, 2011), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
- Фанчета (Свадбата на Фигаро, 2011), автор: Пјер Бомарше, режисер: Леван Цуландзе, продукција: Македонски народен театар;·
- Барбара, Мара (Парите се отепувачка, 2011), автор: Ристо Крле, режисер: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;·
- Лу (Олово на перница, 2011), автор: Венко Андоновски, режисер: Димче Николовски, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Анџелика (Фирма, 2011), автор: Роланд Шимелфенинг, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Вондерленд театар;
- Марина (Немој ти мене Фауст, 2010), автор и режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Психолог (Темпирана опера, 2010), автори: Бертолд Брехт и Ентони Барџис, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
- Касандра (Троил и Кресида, 2009), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Учителка по англиски јазик (Госпоѓа министерка, 2009), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
- (Писма од сеќавањата, 2009), автор: Олег Николаев, Сојуз на театарските работници на Русија;
- Џезабел (Свето срце, 2009), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македоски народен театар;
- Фаншет (Фигаро се разведува, 2008), автор: Еден фон Хорват, режисер: Куштрим Бектеши, продукција: Македонски народен театар;
- Пациент (Мара/САД, 2008), автор: Питер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
- Ана (Стари времиња, 2008), автор: Харолд Пинтер, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Луси (Дракула, 2007), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
- (Соларис, 2007), режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
- Дона Елвира (Дон Жуан, 2005), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Александар Поповски, продукција: Драмски театар – Скопје.
Филмографија:
- Соња (ТМ, игран филм, 2020), режисери: Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов;
- Олимпија (Eј, 2018), автор: Васил Христов, режисер: Васил Христов;
- Софи (Госпоѓа Рубин, краткометражен филм, 2011), режисер: Костадин Анастасов;
- Анѓа (Балканот не е мртов, 2011), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски;
- Ана (Трезна, краткометражен филм, 2009), режисер: Марко Ѓоковиќ;
- Девојчето (Северен лет, краткометражен филм, 2004), режисер: Вардан Тозија.
Покрај исполнувањето на театарски и филмски улоги, Костадиновска учествувала на театарските фестивали „Град театар“ во Будва (2005), „МЕСС“ во Сараево (2006), „БИТЕФ“ во Белград (2006), „Пост Југославија“ во Рим (2006) и Меѓународниот театарски фестивал „Богота“ во Богота (2010); а учествувала и во образовни работилници, како на пример „Сараево талент кампус“ на Сараевскиот филмски фестивал (2009), Меѓународната летна театарска школа на Сојузот на театарските работници од Русија во Москва (2009) и „Берлин талент кампус“ на Берлинскиот филмски фестивал (2010).
Добитник е на награда за најдобра глумица за 2013 година на „Златна Бубамара“ на популарноста.
Среќен роденден Драгана ти посакува редакцијата на Екран.