Денес роденден прослаува нашиот познат актер Јордан Симонов

Јордан Симонов е роден на 10 септември 1966 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра кај проф. Димитрие Османли, во 1992 година. Во 2015 година ги завршува постдипломски студии на истиот факултет, отсек: театарска режија, кај проф. Слободан Унковски. Од 1997 година работи во Македонски народен театар – Скопје. Има снимено голем број радио-драми, надсинхронизација на ТВ серии и филмови, Acting couch во филмовите „Балканот не е мртов“ и „Трето полувреме“.

Театрографија:


  • Пол (Лагата, 2022), автор: Флоријан Зелер, режисер: Бесфорт Идризи, продукција: Македонски народен театар;
  • Пиерпоинт (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар;
  • Филип (Мој термин, 2019), по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
  • Месарот (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Понтиј Пилат (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Хамлет (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Соломон (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Гијом (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Адолф (Изгубени германци, 2012), автор: Дејан Дуковски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Пандар (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Павле (Така било пишано, 2010), автор: Сашко Насев, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
  • Џонатан Харкер (Дракула, 2008), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Жан Пол Мара, Маркиз де Сад (Мара /САД, 2008), автор: Питер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
  • Ромел Турнел (Болва во уво 2007), автор: Жорж Фејдо, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Ѓока (Сомнително лице, 2007), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
  • Зелениот човек (Кралот Иби, 2007), автор: Алфред Жари, режисер: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Сванте (Близок град, 2006), драматург: Илинка Црвенковска, режисер: Миотраг Маѓар, продукција: Македонски народен театар;
  • Христов (Црнила 005, 2005), автор: Коле Чашуле, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Фисот, Стефан писмочатецот (Папокот на светот, 2004), автор: Венко Андоновски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Роби Малан (Сцени од животот, 2004), автор: Овен мек Каферти, режисер: Филип ле Моан, продукција: Македонски народен театар;
  • Даме Груев (Белите коњи, 2003), автор: Петре Бакевски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар;
  • (Жена ми се вика Борис, 2003), режисер: Коле Ангеловски, независна продукција;
  • Началник на бугарската полиција (Ослободување на Скопје, 2002), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Викон де Валмон (Опасни врски, 2002), автори: Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Ќопавиот (Павилјони, 2001), автор: Милена Марковиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Командирот (Гроф Миливој, 2001), автор: Ристо Крле, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
  • Граѓанинот, Таткото, Анитра, Генералот, Готвачот (Пер Гинт, 2001), автор: Хенрик Ибзен, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Шигалев (Демони, 2001), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Поп Петруш (Немушт јазик, 2000), автор: Блаже Миневски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Рилов (Будење на пролетта 2000, 2000), автор: Франк Ведекинд, адаптација: Златко Славенски и Огнен Георгиевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • 7 (Плеј Шекспир, 2000), избор, драматизација и режија: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Македонски Фауст, 2000), режисер: Сашо Миленковски, продукција: Младински културен центар – Скопје;
  • (Окото на ѓаволот, 2000), режисер: Југослав Петровски, продукција: Младински културен центар – Скопје;
  • (Професионалци, 2000), режисер: Синиша Евтимов, продукција: Младински културен центар – Скопје;
  • (1999 Експеримент, 1999), режисер: Синиша Евтимов, продукција: Младински културен центар – Скопје;
  • Д. Удар (Носорог 1999), автор: Ежен Јонеско, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Црнила, 1998), режисер: Виолета Џолева, продукција: Младински културен центар – Скопје;
  • Марк (Шопинг анд факинг, 1998), автор: Марк Рејвенхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • (Гленгери Глен Роуз, 1997), режисер: Васил Христов, независна продукција;
  • Затвореник (Едмонд, 1997), автор: Дејвид Мемет, режисери: Синиша Евтимов и Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • (Хамлет Машина, 1997), режисер: Кристијан Ристевски, копродукција: Македонски народен театар и „Скопско лето“;
  • Јаша, млад лакеј (Вишновата градина, 1997), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Мито (Лаж и паралаж, 1996), автор: Јован Стерија Поповиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;
  • Камердинерот (Глембаеви, 1996), автор: Мирослав Крлежа, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Мулино (Кројач за дами, 1996), автор: Жорж Фејдо, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
  • Клиф (Обѕирни се во гнев, 1995), автор: Џон Озборн, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
  • Меккен (Роденден 1995), автор: Харолд Пинтер, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
  • (Сонот предизвикан од летот на пчелата околу една калинка, секунда пред будење, 1995), режисери: Златко Славенски, Горан Тренчовски и Александра Ковачевиќ, продукција: Младински културен центар – Скопје;
  • Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Кирил (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Приказна од дивиот запад, 1994), режисер: Димитар Христов, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
  • (Црно писмо, 1994), режисер: Владе Цветановски, продукција: Младински културен центар – Скопје и Охридско лето;
  • Раскажувачот, Терсит (Троил и Кресида, 1993), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Јуда (Евангелие по Јуда, 1993), режисер: Горан Тренчовски, продукција: Народен театар „Антон Панов“ – Струмица;
  • (Спиро Пирчев – Царо, 1992), режисер: Златко Славенски, продукција: Младински културен центар – Скопје;
  • (Окото на мајката, 1992), режисер: Владо Цветановски, продукција: Младински културен центар – Скопје;
  • Торпедо (Надвор од умот, 1991), автори: Јордан Симонов, Васил Христов, Александар Микиќ, режисер: Васил Христов, копродукција: Македонски народен театар и Дом на млади 25 Мај – Скопје;
  • Прв војник (Медеја, 1989), автор: Дане Зајц, режисер: Вито Тауфер, продукција: Драмски театар – Скопје.

Филмографија:

  • Гинеколог (Проблемот на Тина, краткометражен филм, 2021), режисер: Радован Петровиќ;
  • Адвокат (Хомо, 2020, во пост-продукција), режисер: Игор Иванов – Изи;
  • Петар (Неонски срца, краткометражен филм, 2019), режисер: Ана Јакимска;
  • Шефот (Црно и Бело, краткометражен филм, 2018), режисер: Сандра Ѓоргиева;
  • Кепо (Еј, 2018), автор и режисер: Васил Христов;
  • Шефот (Црно и бело, краткометражен филм, 2018), режисер: Сандра Ѓоргиева;
  • Иван (Исцелител, 2018), режисер: Ѓорче Ставрески;
  • Давид (Елена, 2016), режисер: Дина Дума;
  • Веле (До балчак, 2014), режисер: Столе Попов;
  • Директор на училиште (Аудиција, 2014), режисер: Лавинија Софрониевска;
  • Глас (Скопје Ремиксд, 2012), режисер: Срѓан Јаниќијевиќ;
  • Расим (Балканот не е мртов, 2012), режисер: Александар Поповски;
  • Капетанот (Трето полувреме, 2012), режисер: Дарко Митревски;
  • Мирса (Панкот не е мртов, 2011), режисер: Владимир Блажевски;
  • Таткото (Синот, каткометражен филм, 2011), режисер: Марко Ѓоковиќ;
  • Директор (Некои поинакви приказни, 2010), режисер: Марија Џиџева;
  • Никола (На изгрејсонце, 2009), режисер: Ѓорче Ставревски;
  • Панче (Сенки, 2007), режисер: Милчо Манчевски;
  • Фис (Превртено, 2007), режисер: Игор Иванов – Изи;
  • Пројо (Мост, ТВ филм, 2006), режисер: Коле Манев;
  • (Самитот на шаманите, 2006), режисер: Александар Станковски;
  • Јорго (Прашина, 2001), режисер: Милчо Манчевски;
  • (Ангели на отпад,1995), режисер: Димитрие Османли;
  • (Сон предизвикан од летот на пчела околу една калинка секунда пред будење, ТВ филм, 1994), режисер: Горан Тренчовски;
  • (Крик на немиот индијанец, ТВ филм, 1993), режисер: Томислав Алексов;
  • (Стрес или погрешна нота, ТВ филм, 1991), режисер: Драги Савевски.

ТВ серии:


  • Мартин Аугустинов, Господин Петров (Преспав, 2016 -), продукција: ОХО;
  • Тихомир (Инсајдер, 2017);
  • Д-р Воислав (Фамилија Марковски, 2017);
  • Васил (Пепи и Муто, 2015), режисер: Ѓорѓи М. Унковски;
  • (Македонски народни приказни 3, 2011);
  • (Наше маало, 1999), режисер: Игор Иванов;
  • Диоген (Еурека, 1994);
  • Кузман Шапкарев, Брат Никола и Суваријата (Прекалени, 1994);
  • (Бумбари, 1989), режисер: Горан Тренчовски.

Режисерски остварувања:

  • (Торонто експрес, 2021), по мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ на Зоран Спасов Ѕоф;
  • (Црнила Remix, 2018), автор: Коле Чашуле, продукција: Младински културен центар – Скопје;
  • (Кец на десетка, 2017, заедно со Драган Спасов – Дац), автор: Митко Бојаџиски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Тероризам, 2015), автори: Владимир и Олег Пресњаков, продукција: Македонски народен театар.

Награди:


  • Наградата за највисоко актерско остварување за улогата на Павле во претставата „Лагата“ на 31. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица 2023 г.;
  • Награда за главна машка улога на 55. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогата на Филип во претставата „Мој термин“ по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов, а во продукција на РСМ НУ Македонски народен театар, 2021 г.
  • Награда за актер за 2019 година на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“;
  • Наградата на ревијата „Екран“ за најдобра епизодна улога, за улогата на Клиф во претставата „Обѕирни се во гнев“ во 1995 г.
  • Награда за најдобар актер за главната улога Мирса во филмот „Панкот не е мртов“ на Филмскиот Фестивал во Призрен, 2011 г.
  • Награда „Златна Мимоза“ за најдобар актер за главната улога Мирса во филмот „Панкот не е мртов“ на 25. Филмски Фестивал во Херцег Нови, Р. Црна Гора, 2011 г.

Среќен роденден Јордан ти посакува редакцијата на Екран.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната актерка Соња Михајлова

Соња Михајлова е родена на 14 октомври 1958 година во Битола. Таа е истакната македонска …