Денес натпросечно топло

Без поголеми промени на времето ќе помине и понеделник, 29.тти јануари. Слаба магла наутро ќе има локално по котлините. Потоа претпладне во котлините се очекува онаа препознатлива заматеност, додека сосема ведро и со прозрзачна атмосфера ќе биде само на планините.
Утрото повторно ќе биде релативно студено. Минималната температура главно ќе има вредност помеѓу -7°С и -2°С низ котлините, а на повисоките места околу -8°С.
Она што ќе биде помаркантно, ќе биде максималната температура која што ја очекуваме. Истата ќе биде доста над просекот за овој дел од годината. Максималната вредност ќе биде помеѓу 9°С и 12°С во котлините од северниот и западниот регион, како и на повисоките места во осоговскиот, малешевскиот крај и на повисоките населени места во западниот регион. Најтопло ќе биде во југоисточниот крај, со максимална температура околу 16°С.
Скопската котлина очекува претежно ведро време. Наутро ќе има услови за краткотрајна слаба магла. Преку ден котлината останува со онаа препознатлива заматеност.Температурата ќе има минимална вредност околу -6°С, а максимална вредност околу 13°С, најавуваат од meteopro.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Сомнително Лице“ театарска претстава од млади за млади

Денес, со почеток во 18:30 часот во Училиште за театар „Од игра до претстава“, ќе …