ДЕНЕС И УТРЕ (ПЕТОК) ЌЕ ИМА ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР ВО МАКЕДОНИЈА: Можна е појава на краткотрајно невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Денес и утре (петок) поради веќе споменатиот продор на малку поладен воздух на висина, во Македонија во попладневните часови се очекува дестабилизирање на атмосферата. Токму ова ќе услови да има локален развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Денес во попладневните часови нестабилноста повеќе ќе ја има во западните предели, додека утре попладне локална нестабилност ќе има и во останатите предели од државава.


Во ваква ситуација, не се исклучува можноста да има и појава на локално краткотрајно невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

И во делови од Скопската котлина, особено утре попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.


Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до околу 38 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Марија Шерифовиќ и приреди роденденско изненадување на својата мајка, а таа лееше солзи: „Сакаш да умрам”? 

„Долго време размислував како да те израдувам за роденден. Минатата година, иако полнеше 60 години, …