Дамите го заслужуваат најдоброто, а тоа е Владо Јаневски – Чаирскиот романтичар на ексклузивен концерт во Intermezzo Music Bar

По незаборавната вечер со Павле Камилоски, Intermezzo Music Bar продолжува со исто темпо – гостување на врвна ѕвезда, а за убав повод. Овој пат во чест на празникот на дамите (8 Март) е закажан ексклузивниот концерт на чаирскиот романтичар, сопственикот на најубавите балади и човекот чиј глас никого не остава рамнодушен, единствениот Владо Јаневски.


Настапот на неповторливиот Владо, кој деновиве е актуелен со одличната балада „Недостасуваш“ е закажан за в недела, со почеток во 20 часот. Интересно е дека освен што неделниот настап ќе биде премиерна изведба на новата песна, всушност ќе биде и едно сосема поинакво издание на Владо бидејќи неговиот настап е дел од серијалот најавени камерни концерти во Intermezzo Music Bar.„Камерните концерти веќе стануваат наш заштитен знак и се дел од богатата музичка програма која ја одбираме и подготвуваме со големо внимание. Нашата интенција е да ги задоволиме вкусовите на сите драги гости и пријатели“, велат од најдобриот и единствениот музички бар во градот.



И како што би рекол Владо во една од своите балади – Не чекајте некој да ви дојави, едноставно бидете дел од најдобрата забава во градот – недела 20 часот Intermezzo Music Bar. Не пропуштајте ја можноста заедно да бидеме евергрин, љубов без почеток и крај… ко златен круг…
Влезниците се по цена од 300 денари, а нивниот број е ограничен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Аеродром викендов пулсираше во Џевахир Мол Скопје

Населба Аеродром изминатиот викенд пулсираше во ритамот на музиката, а Џевахир Мол Скопје повторно беше …